Неокортекс
Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација
Мисијата на Неокортекс е грижа и третман за менталното здравје на деца, адолесценти и возрасни. Специјализираме во индивидуална, партнерска, семејна-системска, и групна терапија. Психотераписките пристапи кои ги нудиме се Гешталт терапија, ЕМДР терапија (процесирање на траума), Семејна – Системска терапија, терапија фокусирана на емоции (EFT) како и игровна терапија за деца, стимулација и развојна проценка. Нашата главна цел е подигнувањето на свесноста и грижата за себе, правење на позитивни животни промени во насока на психо-физичка добросостојба, здравје и задоволство кај индивидуата, но и работа и поддршка на семејствaта во целост како важен систем од кој потекнува секоја единка.
Специјализации
Нашата работа опфаќа психолошко советување и психотерапија во:
• индивидуален
• партнерски
• семеен и групен сетинг
• игровна терапија со деца и проценка на развојни отстапувања
• психодијагностика и психолошко тестирање
• одредување професионални компетенции кај млади
• личен раст, развој и поддршка при животни одлуки и кризи
• тренинзи и психоедукација на клиенти
• корпоративни обуки за фирми, развoј на вработени
Ние ќе Ви помогнеме
да имате подобар живот
Каде можеме да помогнеме
Нашата работа опфаќа психолошко советување и психотерапија при
• Анксиозни растројства, фобии и панични напади
• Прифаќање на сексуален идентитет и ориентација, coming out процес (LGBTIQ+)
• Развојни отстапувања и дисхармонија кај деца (дискалкулија, дисграфија, диспраксија, дислексија...)
• Социјална анксиозност, срамежливост и ниска самодоверба
• Депресивни растројства и постпартална депресија
• Процес на тагување при загуба
• Зависности
• Опсесивно-компулсивно растројство
• Растројства во спиењето
• Растројства во однесувањето и поведението кај деца и адолесценти
• Прекин на партнерство и развод на брак
• Развој на емоционална интелигенција
• Училишни потешкотии кај школски деца
• ADHD, АDD
• Аутизам
• Прифаќање и справување со медицински состојби и хронични болести (ретки болести)
Како да закажам?
Се закажува телефонски во работното време од 10-20ч, од понеделник до сабота
М-р Ивана
Хаџиванова
Психолог, Гешталт и ЕМДР Психотерапевт, Семеен-Системски советник и Супервизор
Знаењето од психологијата на човекот го употребува и во креирање и одржување на организациски и корпоративни обуки и тренинзи за фирми и големи компании, со цел унапредување на целокупното работење, перформанс и личен раст и развој на вработените, како и превенција и третман на менталното здравје.
Верица Бакулеска Психолог
Психодрама и Гешталт Психотерапевт под супервизија
Верица Бакулеска е лиценциран психолог, и Психодрама и Гешталт психотерапевт под супервизија. Во склоп на Неокортекс центарот, работи психолошко советување, психоедукација и психотерапија применувајќи ги гешталт и психодрама пристапите.
Марија Иваноска
Психолог, Семеен-Системски советник
Моника Кочовска
Специјален едукатор и рехабилитатор, едукант по Семејна-системска психотерапија
Моника Кочовска е дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и едукант на семејна и системска психотерапија. Во склоп на Неокортекс центарот, работи развојни процени, рана интервенција, индивидулани третмани, работа во групи, развојна стимулација, терапија со игра за деца, поддршка и насоки на родителите.
Најнови објави
Психолошка отпорност кај девојчињата
Како да ја градите психолошката отпорност кај адолесцентите, од позиција на родител? Психолошката отпорност би можела да се дефинира како способност да се продолжи пред
Физичко и емоционално насилство
Невидливи рани кај жената – Како да ги препознаете и надминете последиците од емоционалната и физичка злоупотреба во врските? Првата работа која е неопходна за
Дистрес во дигиталната ера – Какво е влијанието на социјалните мрежи врз самодовербата и менталното здравје на жените од сите возрасти
Во ова време на константна конектираност и дигитална интеракција, социјалните медиуми станаа составен дел од нашите животи, поврзувајќи нѐ со пријателите и семејството, обезбедувајќи ни
Дали се забораваме себе во брзото време – Како жените да го најдат својот мир?
Во метежот и вревата на денешниот свет и брзото темпо на живот, лесно е да ја изгубиме од вид најважната личност во нашите животи –