следете нè


Верица Бакулеска Психолог

Психодрама и Гешталт Психотерапевт под супервизија

Верица Бакулеска е лиценциран психолог, и Психодрама и Гешталт психотерапевт под супервизија. Во склоп на Неокортекс центарот, работи психолошко советување, психоедукација и психотерапија применувајќи ги гешталт и психодрама пристапите.

Има искуство во живо и он-лајн и работи психолошко советување и психотерапија со различни возрасни групи и разни психолошки проблематики како анксиозност, панични напади, стрес, ниска самодоверба, справување со загуба, справување со животни промени и други емоционални предизвици. Исто така, има повеќегодишно искуство во  работа како  образовен асистент на деца со атипичен развој и посебни потреби при што стекнала познавања и од ABA (Applied Behavioral Analysis) терапијата.                                                      

Била дел од неколку проекти за помош на ранливи групи меѓу кои сексуални работнички, невработени лица и деца со атипичен развој.

Континуирано следи професионални обуки со цел развивање на нејзините вештини и знаења.