Неокортекс
Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација
М-р Ивана Хаџиванова
Моника Кочовска
М-р Ивана Хаџиванова Психолог
Он-лајн терапијата е ефикасна, а истото го потрдуваат, науката со студии кои може да се прочитаат на интернет, но и секојдневната практика со одличните резултати кај клиентите.
Психолог Александра Стојановска
Поседува општа лиценца за вршење психолошка дејност издадена од Комората на психолози.
Катерина Димова
Специјалниот едукатор и рехабилитатор Димова има повеќе годишно работно искуство со деца со атипичен развој и посебни потреби. Во склоп на Центарот – НЕОКОРТЕКС, работи индивидуални и семејни третмани за деца и адолесценти, кои пред сè вклучуваат примена на принципот учење и третман преку игра, со стимулирање на сите аспекти на раниот детски развој. Низ секојдневната работа врши и развојни проценки на психомоторен развој, рани интервенци, стимулација и реедукација на психомоторен развој, што претставува основа за развој на други вештини, како и когнитивните способности, говорот и социо-емоционалниот развој на децата. Со особен успех работи и на воспитните цели на родителите, и подобрување на целокупното детско поведение и однесување, со имплементирани техники за подобрување на вниманието и концентрацијата, вежби за унапредување на мислење и помнење, вежби за фина и груба моторика, говор, комуникација и интерперсонални вештини. Постигнува голем успех и во остварување на родителските цели, како подобрување на самодовербата и самостојноста кај децата во своето функционирање.
Активно работи со деца кои што се соочуваат со специфични тешкотии во учењето како што се: дислексија, дисграфија, дискалкулија, диспраксија, како и деца со АДХД и интелектуална попреченост. Активно е вклучена во проектите за здрав раст и развој на деца, грижа за ментално здравје на родители, како и во групни активности за деца со атипичен развој, и работа на истражувања за семејства и лица со атипичен развој. Своето искуство го збогатува и преку учество во мноштво проекти и здруженија за лица со посебни потреби, но и како дел од тимот на Филозофски факултет, како демонстратор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Во моментов е во процес на едукација за Семејна-системска психотерапија, која активно ја применува во работатa со семејствата, користејќи методи и техники за подобрување на комуникација и релација родител-дете. Во моментов е и на втор циклус на магистерски студии, смер „Специфични тешкотии во учењето’’.
М-р Зорица Николова Психолог
Зорица Николова е лиценциран психолог со посебна лиценца од област на психологија на труд, магистер по правно-криминолошки и родови науки, психодијагностичар и семеен-системски советник.
Во склоп на Неокортекс центарот, работи психолошко советување и психо-едукација на млади и возрасни личности, психодијагностика, личен раст и развој и воедно активно ја применува семејна-системска психотерапија во работатa со индивидуалци, партнерства и семејства.
Во досегашнното десетгодишно професионално искуство има ангажман во повеќе невладини и владини институции, како и реализирани меѓународни проекти. Во склоп на работниот ангажман во НВО ХОПС-Опции за здрав живот и КПУ Идризово, работела психодијагностика и психолошко советување на осудени лица, и лица кои се уживатели на наркотични средства.
Во склоп на Бреинобреин, интернационалната академија за развој на вештини и способности кај деца и во Институтот Алтернатива, има работено психоедукација, семејна динамика и релации и позитивно родителство. Моментално е професионално ангажирана и во Хелсиншки комитет за човекови права на позицијата раководител на шелтер центар и психолог кој работи психо-социјална поддршка и советување на луѓе кои се идентификуваат како ЛГБТ+ и се жртви на дискриминација и насилство.
М-р Анастазија Наумовски
Психотерапевт Анастазија е лиценциран психолог од страна на Комората за психолози, М-р по клиничка и советодавна психологија и гешталт психотерапевт со осум годишно искуство во работа со клиенти. Поседува европски сертификат за гешталт психотерапија (EAGT) , а работи и клиничка психодијагностика и основна невропсихолошка проценка за која посебно има посетувано акредитирани тренинг програми.
Во склоп на Неокортекс центарот, работи психоедукација и психотерапија со адолесценти и возрасни личности, психодијагностика, личен раст и развој со употреба на гешталт психотерапија во работа со индивидуалци, парови и семејства. Низ своето осум годишно искуство со гешталт психотерапијата, стекнува големо професионално знаење и вештини во работата со адолесценти и возрасни со анксиозност, панични напади, трауматски стресови, депресија, загуби, развод, партнерски и семејни потешкотии, емоционални кризи, внатрешни конфликти и животни дилеми и сите останати психолошки потешкотии и проблематики. Психотерапевт Анастазија има сензибилизираност и големо искуство во работата со ЛГБТИ+ лица.
Примарно е вработена на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести каде што работи “рана интервенција на деца со аутизам”, а моментално е на специјализација по „Медицинска психологија” која ја обавува на Клиниката за Психијатрија во Скопје.
Психолог Ирина Николова
Лиценциран психолог, интегративен советник и гешталт психотерапевт под супервизија европски лиценциран (EAGT), и ABA техничар (Applied Behavioral Analysis Technician). Николова има повеќе годишно искуство во психолошко советување и психоедукација со различни возрасни групи и психолошки проблематики. Во својата пракса има работено и поддршка со кризно советување на жени жртви на семејно насилство, третман на деца и млади со отстапки во развој (со фокус на аутистичен спектар на нарушување), родители, како и работа со деца без родители и родителска грижа.
Преку методот и техниките на гешталт и интегративната психотерапија, работи холистички, во насока на остварување личен развој и надминување на психички блокади и тешкотии кај индивидуи, партнери, семејства и организации. Во својот работен ангажман има искуство и во полето на човекови ресурски и грижа за вработени, вршење проценки при селекција на кадар, психоедукација и кариерно советување. Aвтор е и на бројни психолошки статии и предавач е на бројни работилници од областа на психологијата и личниот развој. Учесник е во бројни проекти како советник и психолог, во работа со различни групи на лица, проблематики и возрасти.
Психолог Миа Костовска
Миа Костовска е лиценциран психолог од страна на Комората на Психолози во РСМ каде што е и член на Телото за сексуални и родови малцинства. Едукант е во семејна-системска психотерапија, има завршено прв степен на EFT (Терапија фокусирана на емоции) под менторство на Киријаки Полихрони и ЕМДР тренинг, техника за работа со трауми, под водство на Изабел Фернандез претседател на ЕМДР Италија.
Поседува клиничко искуство стекнато во ГОБ ,,8 Септември’’, ЈЗУ Психијатриска болница ,,Скопје’’, ЈЗУ Дневен Центар за ментално здравје ,,Пролет’’ и неколку приватни психијатриски ординации во Скопје. Има искуство и во невладини организации како што е ХОПС – Опции за здрав живот а моментално е ангажирана во невладината организација EduSpace4School во работа со деца од училишна возраст каде што дополнително координира меѓуетнички проекти за деца.
Во склоп на Неокортекс, работи индивидуални и семејни советувањa и психодијагностика на млади и возрасни. Во фокусот на работа и се анксиозните состојби и растројства, панични напади и справување со животни промени.
Има посетено обука за даватели на услуги за жртви на семејно насилство од страна на Националната мрежа против насилство врз жени. Учествувала во повеќе обуки и меѓународни конференции од областа на психологијата и психотерапијата.
Хана Мемеди
Хана Мемеди, психолог, семеeн-системски советник. Во склоп на Неокортекс Центарот работи индивидуални, партнерски, родителско и семејно системско советување и психоедукација.
Има особено искуство во работата со деца од предучилишен и училишен возраст, и адолесценти, стекнато низ работата во меѓународното училиште Маариф.
Особено работи со родители и деца од училишна возраст и адолесценти, кои се соочуваат со потешкотии од различен карактер во зависност од нивната возраст. Нејзината работа во училиштето опфаќа индивидуална и групна работа со учениците, на: адаптација, запознавање емоции, потешкотии со учењето, мотивација, емпатија, самопочитување, освестување, зависност, и сл. Има реализирано семинари за родители со цел запознавање со развојните фази на нивните деца и адекватно справување со нив.
Хана е ангажирана како демонстратор во катедрата на психологија на филозофскиот факултет при Тетовскиот универзитет, каде и продолжува со посдипломски студии во индустриска-организациска психологија, чии знаења ги употребува во нејзиното работно место. Во својата работа во университетот учествува и во реализација на различни истражувања и проекти спроведени во рамките на универзитетот.
Хана ја има комплетирана првата фаза на едукација за Функционална aнализа, базирана на функционирањето на животната сила, чии техники ги користи во својата професионална работа.
Континуирано следи професионални обуки со цел развивање на нејзините вештини и знаења во работата како психолог.
Во зависност од барањата Хана работи со физичко присуство и он-лајн психолошко советување на албански и турски јазик.
Бесплатна психолошка помош за лица со ретки болести и нивните семејства е овозможена од соработката меѓу НЕОКОРТЕКС и ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ.