следете нè

Марија Иваноска

Психолог, Семеен-Системски советник

Лиценциран психолог со едукација од Семејна-системска  психотерапија, Трансакциска анализа и Психодијагностика.

Во Неокортекс центарот работи психолошко советување и психотерапија со сите возрасни категории. Работи индивидуални , партнерски и семејни сесии употребувајќи најразлични техники од наведените едукации и повеќе психотераписки правци.

Има повеќегодишно искуство во работа со ранливи категории на луѓе, деца без родителска грижа и емигранти. Работи на различни проекти за проценка на родителско-детски релации.

Амбициозно и континуирано се надоградува со нови вештини и знаења преку различни семинари и професионални обуки.

Поседува општа лиценца за вршење психолошка дејност издадена од Комората на психолози.