следете нè

Моника Кочовска ​

Специјален едукатор и рехабилитатор, едукант по Семејна-системска психотерапија

 Моника Кочовска е дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и едукант на семејна и системска психотерапија. Во склоп на Неокортекс центарот, работи развојни процени, рана интервенција, индивидулани третмани, работа во групи, развојна стимулација, терапија со игра за деца, поддршка и насоки на родителите.

 Има искуство со работа со деца со краткотрајно внимание, стмулација во социјалниот и емоционалниот развој, насоки за правилен раст и развој, тешкотии во развој на говорот, доцнење во психомоторниот развој, потешкотии во учењето, предучилишна подготовка и тешкотии со читање и пишување, недостиг на контакт со очи. Работа со деца со тикови, стереотипи, фини и груби моторни потешкотии. Работа со деца со АДД, АДХД, аутистичен спектар на нарушување, како и со деца со комбинирани пречки во развојот.

  Има работено и како образовен аситент на дете со аутистичен спектар на нарушување и била тренер на деца со атипичен развој. Се има здобиено се сертификати за работа со ученици со дислексија, АДХД – техники за работа со ученици со АДХД и методи заозновани на докази за аутизмот.

Континуирано ги надоградува нејзините вештини и знаења, посетува професионални обуки и семинари.