следете нè

Дали се забораваме себе во брзото време – Како жените да го најдат својот мир?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Во метежот и вревата на денешниот свет и брзото темпо на живот, лесно е да ја изгубиме од вид најважната личност во нашите животи – самите себе. Како жени, честопати се наоѓаме себеси како „жонглираме“ со повеќе улоги – кариера, семејни и други обврски, оставајќи малку време за грижа за себе.

Секој знае колку е важен внатрешниот мир и грижата за себе. Многу од нас знаат и што треба да преземат за подобра нега на себе. И покрај ова, едно од најчестите прашања кои ги слушам, особено од жените е – „Како да ја вметнам грижата за себе во мојот веќе преисполнет распоред?!“

Ако и ти си го поставуваш ова прашање, не си сама. Жените имаат тенденција да ја преземат улогата на негуватели, посветувајќи се на потребите на другите. Меѓутоа, во овој процес, сопствената благосостојба останува последна на листата на приоритети, а кога е последна, најлесна е за „прескокнување“.

 

Кои се последиците од неводењето грижа за сопствената благосостојба?

 

  • Ниска енергија
  • Чувство на безнадежност
  • Намалено трпение
  • Главоболки, болки во стомакот и други физички симптоми на стрес
  • Несоница
  • Депресија
  • Анксиозност
  • Burn-out или „прегорување“
  • Намалена концентрација
  • Напнати семејни односи
  • Намалена мотивација за вклучување во социјални активности

 

Многу жени ги забележуваат овие симптоми кај себе, но не знаат што треба да променат за да ги отстранат. Промената на навиките во кои сме заглавени долго време може да биде предизвик, но важно е да знаете дека можете да ја постигнете.

 

Како да се постигнат посакуваните промени?

 

Најдобар начин да се направи било каква промена во однесувањето е да се започне со едноставни, реални и остварливи чекори.

На грижата за себе не треба да се гледа како на луксуз. Препознавањето и почитувањето на сопствените потреби е нужност за одржување на менталната, емоционата и физичката благосостојба!

 

 

 

 

  • Дајте им приоритет на вашите потреби. Ова може да значи и поставување на граници, кажувајќи „НЕ“ на дополнителни обврски или издвојување одредено време во вашиот распоред за нега на себеси.
  • Медитирајте. Вклучете ја медитацијата во вашата дневна рутина. Овa можe да ви помогне да го намалите стресот и да ви донесе чувство на смиреност. Дури и само неколку минутното длабоко дишење може да направи значителна разлика.
  • Обрнете внимание на вашето физичко здравје. Најдете активност во која уживате, како јога, џогирање или танц.
  • Пишувајте во вашиот дневник пет минути, истакнете си ги успесите и благодарностите во денот.
  • Исклучете го телефонот макар на 30 минути.

 

Запомнете, наоѓањето на внатрешниот мир не значи постигнување на совршен баланс или целосно елиминирање на стресот.  Внатрешниот мир се постигнува со изнаоѓање на начини за ефикасно управување со стресот, приоритизирање на грижата за себе и  создавање живот соодветен на вашите вредности и желби.  Со грижата за себе, ние стануваме повеќе подготвени да се движиме низ предизвиците на животот и позитивно да придонесуваме за светот околу нас!

 

Верица Бакулеска

Психолог, Гешталт и Психодрама Психотерапевт под супервизија

*Реализацијата на овој проект е овозможена од ДМ Маркт Македонија

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.