следете нè

Ментална благосостојба кај жените – Техники за справување со стрес и анксиозност

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Животот е сложено патување, исполнето со моменти на радост и достигнувања. Од друга страна, ова патување исто така е преполно со предизвици и несигурности кои често ги тестираат границите на нашата издржливост. Во овој сложен танц помеѓу подемите и падовите, стресот се појавува како секогаш присутен придружник. Константниот стрес често предизвикува анксиозност.

Стресот и анксиозноста се емотивен одговор на безбројните барања и притисоци кои животот ги поставува врз нас. Тие се универзални, надминувајќи ги границите на возраст, пол и култура. Во оваа статија ќе се насочам на стресот и анксиозноста кај жените.

Жените се соочуваат со уникатни предизвици како што се: баланс помеѓу работата и приватниот живот, проблеми со сликата на телото, проблеми во врските и сл. кои и тоа како можат да влијаат на нивната ментална благосостојба, предизвикувајќи стрес и анксиозност. Справувањето со овие состојби е клучно за оддржување на квалитетот на животот кај жените и затоа овде ќе споделам неколку начини за справување со стресот и анксиозноста.

  • Применувајте техники за релаксација

Докажано е дека помагаат вежби за релаксација, јога, вежби за дишење и медитација. Овие техники овозможуваат непосреден и сигурен начин за „центрирање“ – враќање во стабилна состојба, тогаш кога тензијата или анксиозноста се преголеми.

  • Техники на длабоко дишење

Брзи и лесни вежби за дишење може да помогнат да се намали вознемиреноста.

Бавното, длабоко дишење може да помогне да го релаксираме телото а со  тоа да ја намалиме анксиозноста. Обидете се со техники како дишење на дијафрагма или методот на дишење 4-7-8 (4 секунди вдишување, 7 секунди држење на воздухот и 8 секунди издишување).

  • Бидете физички активни

Редовната физичка активност ослободува ендорфини, кои се природни подигнувачи на расположението. Вежбањето исто така може да го подобри спиењето и целокупната ментална благосостојба.

  • Стекнете здрави навики на исхрана

Урамнотежената исхрана со многу овошје и зеленчук може позитивно да влијае на вашето расположение и нивото на енергија. Избегнувајте прекумерно внесување на кофеин и шеќер, бидејќи тие можат да ја влошат анксиозноста. Важно е да знаеме дека конзумацијата на психоактивни супстанци и алкохол спаѓа во често користени нездрави начини на справување со стресот, па одбегнувајте ги максимално!

  • Стекнете здрави навики на спиење

Секогаш е добро да се имаат здрави навики за спиење, особено во стресно

време кога рутината се изместува. Ако сте возрасни, целта нека ви биде 7-9 часа квалитетен сон секоја вечер. Создадете рутина пред спиење и одржувајте конзистентен распоред за спиење.

  • Побарајте поддршка

На повеќето од нас ни е тешко сами да се соочуваме со проблемите и потребна ни е група за поддршка, составена од блиски луѓе.

  • Правилно менаџирајте го вашето време

Ефективното управување со времето е од суштинско значење за жените кои секојдневно се соочуваат со повеќе одговорности, вклучувајќи работа, семејство и лични обврски.

Менаџирањето на вашето време може да ви помогне да го намалите стресот со тоа што ќе се осигурате дека имате доволно време за работа, релаксација и грижа за себе.

  • Идентификувајте ги стресорите

Ефикасното справување со стресот започнува со зголемување на свесноста за него. Идентификувајте ги изворите на стрес во вашиот живот и развијте стратегии за справување со истите. Ова може да вклучува поставување на граници, развивање на резилиентност или барање стручна помош.

Mентална благосостојба бара посветеност и грижа за себе. Техниките за справување со стресот и анксиозноста наведени погоре, се вредни алатки кои можат да ги поттикнат жените да преземат одговорност за своето ментално здравје. Но, од суштинско значење е да се запамети дека менталната благосостојба не е дестинација, тоа е начин на живот.

Силата што ја поседуваме како жени, не е дефинирана само од нашата способност да издржиме стрес и да ги надминеме предизвиците. Вистинската сила лежи во нашиот капацитет да ги признаеме  сопствените слабости, да бараме помош кога е потребно и да дадеме приоритет на грижата за себе без чувство на вина или осудување.

Психолог Верица Бакулеска

Гешталт и Психодрама Психотерапевт под супервизија

*Реализацијата на овој проект е овозможена од ДМ Маркт Македонија

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.