следете нè

Панични напади и анксиозност

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Интензивирање и зачестеност на симптоми во летниот период
Паничните напади и анксиозноста, се за жал многу распространета симптоматологија и актуелна проблематика кај луѓето, а со тоа и секојдневна работа во мојот кабинет за психотерапија. Кај овие психолошки растројства, мислам на генерализираната анксиозност и паничното растројство, од групата на невротски растројства, се забележуваат некои типични сезонски флуктуации на симптомите, како и сегашново типично влошување кое го забележав како резултат на сезонската транзиција на годишното време и притоа наглото зголемување на температурата. Истражувањата велат дека оваа категорија на хиперсензитивни луѓе се доста чувствителни всушност на сите преоди на годишните времиња и метеопатските промени.
Симптомите како потење, чувство на слабост во телото и вртоглавица, недостиг на воздух, пад на енергија, чувство на гадење и срцеви палпитации – се симптоми кои може да се случат и чувствуваат и поради висока температура, но и при паника и анксиозност. Истите тие симптоми почнуваат кај личноста да предизвикуваат зголемување на продукцијата на анксиозни негативни мисли, кои пак уште повеќе ги зголемуваат симптомите поради надодадениот страв над нив, и така започнува кругот кој на крај може да кулминира во максимална вознемираност и паника. Самите телесни сензации во летниот период, кои всушност се природни и физиолошки, личноста која пати од анксиозност има тенденција да ги интерпретира поинаку, да ги зголеми во своите мисли, да се уплаши од нив, да не умее да ги толерира и притоа да почне со продукција на вознемирувачки мисли и негативен застрашувачки говор во себе, со што анксиозноста ќе ја зголеми и кулминира во панична атака.
Дехидратацијата, влагата во воздухот, намалениот квалитет на спиење и сон поради топлината се исто така придружни фактори кои допринесуваат за влошување на психолошката состојба и појава на анксиозни симптоми. Секако, тука е и годишниот одмор, кој претставува голем стрес за многу од лицата со панични напади, бидејќи чест придружен симптом на анксиозноста и паничните напади е агорафобијата. Имено, личноста има страв да се оддели од својата безбедна зона и да биде во отворен простор далеку од својот дом и познатата околина и надвор од својата комфорна зона во гужва, бидејќи ирационално се плаши дека нема да може да побегне или да најде помош доколку состојбата и се влоши. Но, некој може да биде и клаустрофобичен и да не сака по никоја цена да се наоѓа во тесен или затворен простор. Од овие причини, за некој кој страда од сето ова, да се соочи со повеќечасовно патување во кола или пак авион, претставува силен тригер и истовремено огромен предизвик.
Што советувам во однос на подобрување на психолошката состојба во овој период
Прво е важно да се нагласи дека паничните напади и анксиозноста, се навистина непријатни и застрашувачки да се доживеат, но тие не се животно загрозувачки состојби. Иако, кај личноста постојат ирационални стравови од смрт, губење на разумот и губење на свеста, додека симптомите акутно се случуваат. Прифаќањето на нападот може да помогне во намалување на неговиот ефект, а запознавањето и разбирањето на симптомите на нападите на паника и анксиозноста, помага да се стекне поголема контрола кога тие се случуваат. Потсетувањето дека за неколку минути ќе минат, не траат долго и се безопасни, носи олеснување. Пред се личноста треба да ги прифати и да се соочи со симптомите, а не да се обидува да бега од нив, бидејќи тоа не е можно. Од тие причини, психоедукацијата од стручно лице како дел од третманот, е исклучително важна.
Психотерапијата е особено ефикасна за третирање на овие состојби. Така докажува науката, а тоа ми се потврдува и во секојдневното работење и успехот со клиентите кои се соочуваат со оваа проблематика. Работата на себе со помош на стручно лице е од исклучителна важност. Анксиозноста и паничните напади имаат своја етиологија, односно причинители и тие треба да се откријат и по можност разрешат. Апелирам, секој кој има нарушување на својата психолошка состојба од овој или било кој друг тип, навремено, без срам и двоумење да побара стручна помош од професионалец во областа на менталното здравје. Менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото и не смее да го занемаруваме и влошуваме со стигматизирање и предрасуди врзани за истото.
Во однос на секојдневна грижа за себе, работи кои ги препорачувам се примена на соодветни техники на абдоминално дишење, водена медитација, јога, прогресивна мускулна релаксација, автоген трениг, поддржувачки и афирмативен говор, позитивни мисли, исправање на когнитивните дистрозии и уверувања и десензитизација на фобичното однесување, однсно соочување со стравовите чекор по чекор, наместо одбегнувачко однесување . Едноставно зголемена и дисциплинирана грижа за себе во сите аспекти, за својата целокупна психо-физичка состојба и секако однесување адаптирано на временските услови. Тоа за во лето значи задолжително добра хидратација, лесна и здрава исхрана, намален внес на кофеин и стимуланси, зголемена конзумација на вода и природни ладни чаеви, светла облека, добра хигиена на сон, и секако движењето, социјализацијата и спортот како докажани позитивни практики за овие состојби, но во поладните периоди од денот! Препорачувам и да се посетуваат места каде ќе се прави комплетна релаксација на телото и умот, а во лето најдоброто место за тоа е плажа и море или планина.
Кои се симптомите на паничен напад?
Паничен напад е изненаден и нагол наплив на физички, когнитивни и емоционални симптоми, наплив на акутна и интензивна анксиозност и вознемиреност. Тој е проследен со интензивен страв кој предизвикува интензивни физиолошки реакции, кои се застрашувачки за личноста. Личноста доживува чувство дека губи контрола, се јавува интензивен страв дека го губи разумот или дека можеби доживува срцев удар и може да ја изгуби свеста или да умре. Најчести сиптоми кои се јавуваат се тахикардија(забрзана срцева работа), хипервентилација(забрзано и плитко дишење), потење и топлотен бран, тресење на рацете и телото, чувство како да се губи тлото под нозе и нестабилност, краток здив и стегање во грлото, недостаток на воздух, болка и стегање во градите, гадење, главоболка, трпнење на екстремитети и делови од телото, вртоглавица, дереализација, деперсонализација и тн. Крвниот притисок во моментот на паничниот напад очекувано и благо се покачува, но со смирување на напливот на адреналинот во телото по извесен краток период, се намалува како и голем дел од манифестираната симптоматологија. Најчесто кај личноста по првиот напад на паника се јавува антиципаторен страв, односно страв од доживеаниот страв и таа започнува да ги минува деновите плашејќи се и во интензивна анксиозност врзана со тоа дали ќе се повтори истото доживување. Притоа, кај некои луѓе се јавува зголемена потреба од потпора и зависност од присуство на блиска личност во секојдневното функционирање, односно се јавува страв да се биде сам и се зголемува одбегнувачкото однесување кое може да стигне до фобичност.
Паничните напади и анксиозноста значително го афектираат живеењето и го нарушуваат секојдневното функционирање, и затоа треба што поскоро да се третираат.
Авторски текст објавен во Вечер
Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.