следете нè

СЕКОЈ СОН ИМА ПОРАКА ЗА СОНУВАЧОТ

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Секој сон има порака за сонувачот.
Сонот е кралски пат кон интегрираноста.
Сонот е важна комуникација со себе и е најспонтаната работа што човекот ја прави.
Според Фриц Перлс основачот на Гешталт теоријата, соновите претставуваат незавршени ситуации кои ни нудат егзистенцијални пораки кои се однесуваат на нашиот идентитет, сегашни конфликти и борби во себе. Во нив се откриваат чувства кои се скриени и потиснати од свесноста на личноста.
Сонот е рефлексија на несвесното, во него се јавува човековата емоционална вистина.
Човекот е сам креатор на своите соништа и тие се најспонтаната работа што ја прави. Сонот е кралски пат кон интегрираноста. Со тераписка работа преку сон, личноста ги гледа своите испроектирани и отфрлени делови од себе и со помош на водството од терапевтот ги реинтегрира. Во гешталт психотерапијата соништата не се интерпретираат, туку се оживуваат. Тие не се преведуваат во смислени целини користејќи некој симболички концептуален систем. Во гешталтистичката теорија, сонувачот има уникатен и личен симболизам кој важи исклучиво за него. Клиентот го носи сонот во „Овде и Сега’’, го раскажува и повторно го доживува во сегашноста, го актуелизира. Сите делови од сонот се фрагменти на клиентот, и се истражуваат дел по дел, започнувајќи од најприоритетните. Потребите се рангираат и се манифестираат хиерархиски во зависност од важноста за клиентот. Конфликтите кои се на врвот на хиерархијата во внатрешниот свет на личноста, ќе се појавуваат постојано како повторувачки сонови се додека не се обработат и разрешат. Секој сон носи порака за сонувачот, која треба да се прочита, тој претставува важна комуникација со себе.
Работата на терапевтот не е во насока на интерпретација и толкување на сонот туку да даде насока кон важните делови од него кои клиентот ги избегнува, ги потиснува. Личноста ги проектира своите мисли, чувства, зборови и емоции на други ликови од сонот или на некој објект во него. Со влегување во улогата на некој од деловите во сонот, клиентот искуствено истражува, доживува емоции, добива нови перспективи и свесности. Секој дел од сонот е личен на сонувачот, тој го создава и има значење за него.
На пример, ако личноста сонува дека некој ја брка во некое поле, терапевтот може да сугерира да застане и да започне дијалог со прогонителот и да ги добие одговорите на поставените прашања. Потоа, клиентот може да влезе во улога на прогонителот и да ја истражи и таа позиција од која ќе добие нова перспектива, нова свесност и откритие за себе.
Работата со сонови во психотерапијата е многу интересен и креативен процес, преку кој може да се запознаете себеси, да работите на својата интегрираност, недовршени работи, конфликти и процеси во себе. Сонот е одлична алатка за експлорација, работа на себе и личен раст и развој, која често и успешно се употребува во психотерапискиот процес.

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.