следете нè

ПРЕКИН НА ПАРТНЕРСКА ВРСКА, НОСИ БОЛКА КОЈА НЕ Е ЗА ПОТЦЕНУВАЊЕ

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Прекинот на партнерска врска е едно од најболните емоционални искуства за луѓето. Болката воопшто не е за потценување, и голем број на луѓе бараат психолошка поддршка при овие животни раскрсници и преодни животни периоди. Ретко кој може да остане рамнодушен во овој процес, и самото преболување на личноста која сме ја изгубиле знае и да потрае. Тој процес е особено болен во почетниот период, кога остануваат навиките, но и голема празнина во денот, односно целокупното живеење. Во тие периоди многу е важно да се насочиме кон добра грижа за себе, разни активности и минување време со семејството и блиските пријатели кои го сочинуваат системот на поддршка. Разговорите со нив и споделувањето на емоциите, се често корисни и делотворни и помагаат во метаболизирање на случувањата.
Често го добивам прашањето колку време е потребно да помине за болката да помине и некој да се преболи. Одговорот е дека времето е индивидуално, и зависи од многу фактори: од тоа колку време траела врската, од тоа колку многу се инвестирало во неа, од силината на емоционалната поврзаност која постоела, од личните капацитети и уверувања, од претходното животно искуство со вакви процеси, од начинот на кој се случува крајот, од причините за прекинот, од тоа дали можеби во врската имало психолошко или било какво друго насилство, од поддршката од околината и тн.
При прекин на врска, најчесто личноста се соочува со бура на интензивни емоции и тоа тага, лутина, збунетост, несигурност, себеобвинување, преиспитување и премотување на „филмот’’, но и страв од тоа што би се случувало во иднината. Процесот на тагување по загубената личност, знае да има осцилирачки тек, во кој има добри денови, но и лоши, односно многу болни. Секако дека има примери и кога луѓето чувствуваат олеснување со самиот крај, доколку тие го посакувале и одлучиле, или врската ја чувствувале како товар, притисок или „затвор’’.
Нешто што многу често го слушам од луѓе кои тукушто прекинале емоционална врска се типичните прашања кои лебдат, а се од типот – дали ќе најдам друг партнер, дали друг ќе ме сака и прифати, дали сексот ќе биде исто добар, дали моите родители ќе го прифатат другиот партнер, дали ќе најдам подобар човек и колку време ќе ми треба, и слично.
Кај дел од луѓето, кои останале особено повредени од партнерската релација, и кај кои можеби имало токсично дисфункционално поврзување и неадекватен однос од партнерот, се јавува и интензивен страв да не се повтори истото во наредната релација. Долгото време потребно за емоционална регенерација од токсичната врска и стравот од иднината и од следни грешни избори, знаат да направат и емоционални блокади во личноста кои може да се во функција и на почетна заштита за неа, но ако не се надминат може да ја фиксираат личноста во една позиција на изолација и осама.
Но, и покрај болните емоции кои се придружни на разделбите, не треба да се плашиме и спречуваме себеси повторно да сакаме со цело срце, бидејќи штитејќи се и избегнувајќи ги негативните емоции, ќе се лишиме и од сите најубави емоции кои ги носи љубовта.

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.