следете нè

ПРОСТУВАЊЕ-ЧИСТЕЊЕ НА ДУШАТА И ГРИЖА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ!

Простувањето е голема човекова доблест и моќ, никогаш никој да не помисли дека е тоа слабост.
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Дали прошката значи чистење на душата?
Апсолутно да. Простувањето е процес на ослободување од гневот, лутината, омразата, огорченоста, односно од сите негативни емоции кои најмногу му штетат на тој кој ги чувствува. Секој човек е потребно да научи две многу важни нешта, а тоа е да си простува себеси и да им прости на другите. Праксата ми докажала дека секогаш прво треба да почнеме со себе. Престрогиот критицизам и себе-обвинувањето се честа причина за пад на расположението, самодовербата и животното задоволство.
Не е едноставно да се прости, но тоа се учи. Простувањето е подолг процес кој започнува со првиот чекор, а тоа е донесување на свесна когнитивна одлука. Простувањето се прави за себе и не зависи од личноста која ни погрешила, односно од тоа дали заслужува да и простиме. Со простувањето ние ја прифаќаме постапката на другите, иако не ни се допаѓа или не повредила, сепак одлучуваме да ја прифатиме настанатата ситуација и да ја пуштиме лутината во однос на неа. Во тој момент човек  се ослободува, чувствува олеснување, затвора еден гешталт-целина која можеби му тежела во многу случаи и со години. Процесот на простување може да започне независно од покајанието на личноста која не повредила.
Многу од луѓето не знаат дека простувањето е всушност исклучително добро за менталното и физичкото здравје подеднакво.
 Постојат научни емпириски истражувања кои велат дека колку сме подобри во простување, чувствуваме многу помалку стрес, тензија, нивото на депресивни и анксиозни невротски симптоми е помало, а уште поважно дека нивото на гнев е помало. Држење на гневот, хостилноста, огорченоста и презирот се токсични за психо-физичкото здравје на секој човек без исклучок, и се значаен ризик фактор за болести  воопшто, особено на кардиоваскуларниот систем.
Дали кога простуваме треба и да заборавиме?
Простувањето апсолутно не значи дека треба да заборавиме што се случило! Може да простиме, а многу добро да паметиме. Само одлучуваме да се грижиме за себе и да се ослободиме од токсичните чувства. Простувањето воопшто не зависи од другата личност и нејзиното однесување и дали таа се извинила, дали е свесна за сопствената вина или не. Тоа е одлука од себе во корист на себе. Личноста може да прости, но сепак слободно да говори за своите чувства и за настанот, а тоа да не го намалува и потценува виктимизирачкото болно искуство. Уште поважно е да се знае, дека човек не треба да се труди повредите и траумите да ги потиснува во себе или игнорира! Постојат луѓе кои се навистина страшно злоупотребувани, запоставени и виктимизирани кај кои секој обид за потиснување или заборавање, негирање или потценување би им направил уште поголема психолошка потешкотија.
Простувањето е голема доблест и човекова моќ, никогаш никој да не помисли дека е тоа слабост.
Простувањето значи дека го прифаќаме минатото кое не може да го промениме. Човекот е далеку од совршен. Бројот на начини на кој може себеси и меѓусебно да се повредиме е бескрајно голем. Простувањето е лековито за личноста, и добро ни е познато дека е важна егзистенцијална тема која не случајно зазема важно место во голем број религии.
За што сакате да си простите?
На кого сакате да му простите?

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.