следете нè

Не секое дете со висoка енергија или импулсивност има АДХД

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Што претставува АДХД?
АДХД е една од првите работи за кои се сомневаме кога однесувањето на детето на час или перформансите на училишните задачи е проблематично. Дете кое не може да седи мирно, кое дава одговори на час без да крева рака, кое не ја завршува домашната работа, и се чини дека мечтае кога наставникот дава упатства, се однесувања кои најчесто се поврзуваат со АДХД. Претпазливоста е од есенцијална важност во донесувањето на заклучок дека станува збор за АДХД, затоа што ваквото однесување може да биде резултат на други фактори, од анксиозност до траума, или едноставно да станува збор за најмлад ученик во одделение со самото тоа и развојно помал.
Карактеристики на АДХД
Постојат три вида на однесување вклучени во АДХД: недостиг на внимание, хиперактивност и импулсивност. Потребно е да се има во предвид дека повеќето деца повремено имаат потешкотија да го одржат и насочат вниманието кон своите наставници и родители, да останат на своите места и да го чекаат својот ред. За АДХД зборуваме кога однесувањето се движи во големи екстреми во овие области за ралика од другите деца на нивна возраст. Некои деца покажуваат претежно невнимателно однесување, а други претежно хиперактивно-имуплсивно. Голем број од децата со АДХД имаат комбинација на симптоми од овие две групи, што дополнително го отежнува секојдневното функционирање.
Симптоми на недостиг на внимание кај деца со АДХД:
  • тешко следи упатства;
  • има проблеми со организирање на задачи и работен простор;
  • не обрнува внимание на детали, прави неповрзани грешки при извршување на училишните задачи;
  • лесно се откажува;
  • изгледа како да не слушна кога директнo му се обраќате на детето;
  • избегнува задачи за кои што е потребен постојан ментален напор, вклучувајќи и домашна работа;
  • често губи тетратки, книги, јакна, спортска опрема, ранец додека е на училиште;
Симптоми на хиперактивност кај деца со АДХД:
  • нервозен и загрижен додека седи;
  • не може да предвиди опасност;
  • секогаш се чини дека е „во движење“ како да е „управувано од мотор“;
  • често имаат потешкотија доколку треба мирно и тивко да се вклучат во некоја игра или активност;
  • трчаат и се качуваат на предмети што ги изложува во голема опасност;
  • црта наоколу, допира или си игра со нешто од негова близина;
  • често тресење со рака, нога или постојано вртење кон другите деца во училница;
Симптоми на импулсивност кај деца со АДХД
  • дава одговори пред да се постави целосно прашањето;
  • екстремно нетрпелив, едвај чека да дојде на ред;
  • постојано прекинува разговори или други активности;
  • коментира несоодветно, ги покажува своите емоции без воздржаност;
ВАЖНО е да се има во предвид дека не секое дете со висoка енергија или импулсивност има АДХД.  Не постои едноставен тест што може да дијагностицира АДХД, станува збор за комплексна постапка во која што се вклучени повеќе лица како психолог, специјален едукатор и рехабилитатор, психијатар, невролог. Најпрвин мора да се исклучат други можни причини за појава на вообичаените знаци  и симптоми на АДХД. Ваквиот модел на однесување потребно е да трае најмалку 6 месеци, секако многу битен фактор на која возраст е детето.
Со цел навремено да се препознае синдромот на дефицит на внимание и хиперактивност и да се обезбеди соодветна поддршка на детето, од голема важност е да се едуцираат наставниците, родителите и стручните соработници. Нема волшебно стапче за овие потешкотии. А, и да го има, тоа би било составено од: смиреност, трпеливост, оптимизам и пофалби секогаш кога е можно, и за најмалиот прогрес!

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.