следете нè

ОН-ЛАЈН УЧЕЊЕ – КАКО ДА ИМ ПОМОГНЕТЕ НА ВАШИТЕ ДЕЦА!

Менталното здравје на детето е многу поважно од постигнатиот успех во училиште!
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
За сите деца и млади, моменталната состојба на пандемијата со која се соочува целиот свет е целосно ново и непознато искуство. Прилагодувањето кон него, меѓу другото, им носи усвојување на нов начин на учење – следење на часови од дома. Со оглед на тоа што структурата на работата е различна отколку во училницата, нема директна интеракција и повратна информација, потребно е и децата и родителите да дадат свој придонес и напор за овој начин на учење да има резултати.
Неколку совети како да им помогнете на вашите деца за поефикансо учење од дома:
 Планирајте однапред               
Не треба да креирате крути распореди, тоа може да ја зголеми анксиозноста доколку одредени задачи не се завршат на време, но може да е многу корисно да ги испланирате дневните активности однапред, дури и да имате малку информации за тоа што да очекувате во текот на утрешниот училишен ден правењето белешки претходната вечер ќе ви биде од голема помош вас и на вашето дете.
 Поставете реални очекувања 
Како родители се обидувате да ги балансирате улогите кои што ги имате во вашето ново секојдневие, работа од дома, па така не е реално од децата да очекуваме да бидат ангажирани временски еквивалентно на целодневното традиционално образование. Имајте на ум дека големите очекувања може да донесат фрустрации, зголемен степен на анксиозност кој што ќе го отежнат процесот на навикување на новата нормалност.
 Соработувајте со наставниците       
Споделувајте го успехот што го следите континуирано дома со нивните наставници, тоа ќе им биде од големо значење. Направете договор со родителите во целиот клас еднаш или пак на две недели да се состанувате онлјан заедно со наставникот со цел да ги договорите однапред работните задачи и обврски на вашето дете.
Размислувајте надвор од традиционалната училишна работа   
Имајте на ум дека децата имаат многу можности да научат да развиваат нови вештини надвор од традиционалните училишни работни обврски. Помагањето при домашни обврски и семејни одговорности, како што е правењето список со намирници, чистење, грижа за брат или сестра, дава одлични можности за развој на извршни функции, како што се планирање, организација и решавање проблеми. Готвење и помагање при купување намирници се начини за вежбање математички концепти, следење упатства, толеранција на трпеливост и фрустрација. Неструктурираното време е исто така важно за да им се помогне на децата да ја зајакнат својата креативност, имагинација и вештини за саморегулација.
Користете позитивно внимание   
Многу од децата ќе ја имаат потребата родителот да е во негова близина за време на далечинското учење, посебно кога станува збор за пониските одделенија во основно образование. Вашето фокусирано внимание ќе им помогне да бидат истрајни во предизвикувачки задачи. Работејќи со нив, индиректно ќе ги научите да го следат сопствениот напредок кон целите, да станат посвесни кога им треба пауза, и кога одредена стратегија не функционира.
Одржувајте социјани врски           
Една од причините за појава на анксиозност која што секојдневно ја забележувам преку терапијата со игра работејќи со деца со дисхармоничен равој, е токму немањето на социјални врски со своите врсници. Потребно е во текот на денот детето да поминува одреден временски период на отворено заедно со своите другарчиња, секако почитувајќи ги мерките. Важна е потребата учениците да имаат релација со своите врсници, тоа е нивна развојна задача од животната фаза. Одржувањето на тие врски во ова време на социјално дистанцирање е од голема и значајна важност.

Менталното здравје на детето е многу поважно од постигнатиот успех во училиште!

 

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар