следете нè

ПОТТИКНЕТЕ ЈА ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАЈ ВАШИТЕ ДЕЦА!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Емоционалната интелигенција е многу важна во воспитувањето на децата, и честопати многу занемарена. Иако, многу внимание се посветува на знаењето и учењето на нови вештини, емоциите се оставаат настрана. Многу трендови во воспитувањето на децата се движат во насока на развој на емоционална интелигенција, и тоа со добра причина. Овие неколку совети можат да ви бидат од голема корист.

1.Погледнете го светот низ очите на детето
Со други зборови, ставете се во негова позиција и обидете се да ја видите големата слика од страната на детето. Почитувајте ги чувствата и мислењата на детето. Ова не мора да значи дека се согласувате со него, туку дека го почитувате како личност. Доволно да го искажете чувството што го има детето во тој момент, да му дадете до знаење дека знаете што чувствува и размислува.
Како ова и помага на емоционалната интелигенција:
  • Кога детето се чувствува прифатено, тоа создава емоционални врски во мозокот што подоцна детето ги користи за да се утеши во тешки моменти.
  • Децата развиваат емпатија (чувство за другите луѓе) учејќи од вас.
  • Им помагате на децата да се справат со своите чувства и да ги запознаат. Дефинирањето на емоциите е многу важно за нив.
2.Дозволете му на детето да ги покаже своите емоции
Прифатете ги емоциите на вашето дете наместо да ги игнорирате или да не ги забележувате. Ако не ги прифаќате неговите емоции, детето чувствува дека не се добри и се обидува да ги сокрие. Ако не му покажете на вашето дете дека се грижите за неговата тага или страв, тоа нема да престане да чувствува, но ќе ја потисне и тагата и стравот. Емоции кои се потиснати го оптоваруваат детето затоа што тоа не може да ги разбере. Затоа е важно да му дозволите на детето да ги покажува своите емоции и да го охрабрите да го стори тоа.
Како ова и помага на емоционалната интелигенција:
  • Вашето прифаќање му помага на детето да ги разбере сопствените емоции, што на долг рок го развива детето во емоционално зрела личност.
  • Прифаќајќи ги емоциите на вашето дете, му давате до знаење дека неговите емоции не се лоши или негативни, туку спротивното – дека лесно може да се справи со нив, без разлика дали се позитивни или негативни.
3.Научете го вашето дете само да пронајде решение
Научете го вашето дете да се справи со своите чувства без бурно реагирање. Кога децата се чувствуваат разбрани, полесно им е да ги надминат тешките мисли. Ова отвора простор за решавање на проблеми. Понекогаш децата можат сами да се справат со тоа, а понекогаш им е потребна и наша помош. Не се форсирајте да го решите проблемот со детето, бидејќи тоа може да испрати порака дека не му верувате. Верувајте му и бидете подготвени да помогнете кога ќе ве прашаат.
Како ова и помага на емоционалната интелигенција:
  • Децата мора да знаат како да се справат со емоциите, но мора да знаат и како да најдат конструктивно решение за проблем што ги мачи. Ова бара вежба и голема помош од вас како родители.
  • Само прифаќањето на емоциите  на вашите деца не е секогаш доволно за да ги научите да се справат со нив, иако е прв чекор. Покажете им како да се справат со одредени емоции и како да ги толкуваат. Користете се себе за пример и модел.
  • На секое дете му треба помош за да научи да се справува со емоциите без агресија кон другите.
4.Играта е од големо значење за секое дете
Кога ќе забележите негативен тренд во однесувањето на вашето дете, сфаќате дека нешто веројатно го мачи. Понудете му да му помогнете. Не мора секогаш да е разговор, но можете да го решите преку игра. Претворете ја потенцијално тешката ситуација во игра и шега.
Како ова и помага на емоционалната интелигенција:
  • Децата полесно учат преку игра. Ова им олеснува да ги покажат своите чувства и да се справат со нив. Некои чувства тешко се изразуваат со зборови, дури и за нас возрасните. Но, со играта можеме да постигнеме многу. Можеме да го решиме проблемот и без да зборуваме директно и конкретно за тоа.
  • Смеењето го стимулира лачењето на хормонот на среќата. Искористете го овој факт и смејте се колку можете повеќе со Вашите деца, направете позитивна атмосфера во домот.

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар