следете нè

ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА, ПРЕПОЗНАВАЊЕ И СОВЕТИ од Психотерапевт Хаџиванова

Родителството се учи и тоа е долг процес. Не бидете престроги кон себе.
Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Како да препознаеме постпородилна депресија?
Постпородилната депресија е психолошко растројство кое се јавува после породувањето на мајката. Причините се мултифакторијални, односно тука се срединските фактори, но и биохемиските и психолошките промени и адаптации кои уште повеќе ја зголемуваат веројатноста за појава на постпородилна депресија кај некои мајки.
Физичката исцрпеност по породувањето, стресот, депривација од сон, исто така влијаат на појавата на оваа состојба. Најголем ризик за појава на постпородилна депресија имаат оние кои во минатото имале депресивна епизода, како и оние кои имале постпородилна депресија во претходните бремености, а влијание имаат и конституционалната и карактерна предиспозиција и хередитарноста во семејството. Голем е ризикот и кај оние мајки кај кои бременоста е несакана, кои не се емотивно зрели и подготвени за родителство, кај адолесценти и личности кои незнаат што да очекуваат, и кај тие кои немаат можност за помош, а имаат отежнати услови за живот.
Постпородилната депресија на почетокот има сличности со состојбата на постпородилната тага (бејби блуз), но симптомите се многу повеќе изразени, подолго траат и влијаат на способноста на мајката да се грижи за себе и за бебето. Односно, има изразен пад во функционалноста и хормичките-животните функции.  Типично за оваа состојба е што симтомите се јавуваат во првите три месеци по породувањето и тоа постепено, не започнуваат со нагол тек. А, симптомите може да почнат и уште за време на бременоста.
Карактеристични симптоми се депресивно расположение, плачливост, константен интензивен замор, чувство на беспомошност, губиток на апетит, несоница, интензивна раздразливост и конфликтуозност, пад на либидо и чувство на непривлечност и несигурност во својот нов изглед, губиток на животна радост, чуство на вина и срам, промена во расположение, потешкотии и несигурности поврзани со грижата околу бебето, повлекување од членовите на семејството и пријателите, страв од себеповредување и повредување на бебето, бесмисленост и црни мисли, анксиозност и опсесивни руминации до состојба на константна грижа и преоптеретеност со бебето и улогата на мајка… 

 

Некогаш поблаго манифестираната состојба минуваа сама од себе и со соодветната грижа, во рок од два до три месеци и без стручна асистенција. Но, препорачливо е ако постпородилната тага потрае повеќе од две недели,  има повеќе од горенаведените симптоми присутни со значајна нарушеност во функционирањето, меѓу кои и минимална грижа за себе и бебето со присутен ризик по здравјето и животот, задолжително треба да се побара помош од психолог/психотерапевт или и психијатар доколку е состојба за која е потребна и фармакотерапија.

 

Каква поддршка и е потребна во тој период? Кои работи би помогнале во оваа состојба?
Поддршката од партнерот и најблиските се исклучително важни, а охрабрувачките пораки се незаменливи. Секако помош при организацијата на времето е добредојдена и пожелно е да се направи добар распоред на работите кои мора да се направат, и кои може да почекаат. Голема помош и олеснување е да друг некој ја превземе одговорноста за готвењето во домот, секако доколку тоа е можно. Во почетниот период, родилката да се советува да одмара колку што може повеќе, особено кога и бебето спие. Препорачувам во првите денови да нема голем број на посетители во домот. Доколку новата мајка има потреба од исплакување, да и се дозволи и да се подржи во тоа, да не се спречува. Таа треба да се ислуша, и да се комуницира со неа, со еден збор да се направи атмосфера каде ќе чувствува дека не е сама, дека има на кого да се потпре. Здрава исхрана, прошетки на свеж воздух, природна сумплементација и течности се добредојдени.
Доколку  состојбата прогресира, не минува, личноста станува се повеќе нефункционална и се намалува капацитетот за новата мајчинска улога и секојдневните обврски се одвиваат со потешкотии, веднаш да се направи консултација со стручно лице од областа на менталното здравје.
Покрај погоре наведените форми на грижа и поддршка, секој си знае каква поддршка му е потребна во тој период и според мене треба јасно да ја изговори на најблиските. Доколку новите родители не ја препознаваат својата потреба, најблиските и поискусните треба да проценат во која форма им треба. Самодовербата и сигурноста во себе доаѓаат со се поголемото искуство, превземање на одговорност, учење и работа на себе. Родителството се учи и тоа е долг процес. Не бидете престроги кон себе. Пофалбите од околината, разбирањето, поддршката и убавиот збор ја зацврстуваат самодовербата кај младите родители.
Голема помош е присуството на другите членови од семејството и превземање на дел од обврските. Но, со големо внимание да нема преголем пробив на родителските граници и сојуз. Некогаш, колку и да е тоа добронамерно, младите родители го доживуваат како притисок, наметнување на стил и неможност да ја превземат својата лична одговорност и слободно да го развиваат својот стил кој го преферираат за нега, развој и воспитување на своето дете. Во тој случај, советувам да се постават јасни граници со поширокото семејство и младите родители јасно да ја изразат својата потреба за индивидуалност и слобода во новите улоги, а помошта и сугестиите да следат кога тие би ги побарале и истите би ги слушнале, но би ги прифатиле само доколку сметаат дека се соодветни за нив.

 

Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

 

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.