следете нè

Психолошка отпорност кај девојчињата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Како да ја градите психолошката отпорност кај адолесцентите, од позиција на родител?

Психолошката отпорност би можела да се дефинира како способност да се продолжи пред предизвиците и неуспесите со кои се соочуваме. Се смета дека оваа човекова снага е исто така важна, колку што се талентот и интелигенцијата. Истражувањата покажале дека девојките почесто чувствуваат потреба да бидат совршени и дека нивната самодоверба често е засегната дури и кога ќе направат мали грешки. Во ваквите ситуации тие знаат да бидат престроги кон себе, па на моменти дури и целосно обесхрабрени да продолжат понатаму што доведува до пасивизирање и препуштање на ситуацијата.

Веројатно секој родител би сакал да му помогне на своето девојче да изгради поголема самодоверба, издржливост и решителност.

Постојат повеќе начини кои би можеле да помогнат во постигнување на сето ова.

Потикнете ја и негувајте ја идејата за личен раст. Ова најдобро би го постигнале преку пофалување на трудот кој го вложуваат при справување со некој предизвик, наместо со пофалување за постигнатиот резултат. Често кај децата и младите постои убедување дека способностите сѐ нешто со што се раѓаме , и нема можност да се подобрат, што доведува до тоа да се откажат кога ќе наидат на потешкотија при решавање на одредена задача. Затоа, пофалете го процесот наместо резултатот!

Учете ги девојчињата реално да ги проценат своите способности. Често, преголемите очекувања и тенденцијата кон перфекционизам доведуваат до жестока самокритика, страв од грешка и огромно чувство на вина. Како родители, помогнете им да ги осознаат своите слаби и силни страни. Тоа ќе им помогне да во иднина со свесност си ги потенцираат силните страни, а и да ги прифатат сопствените слабости и својата несовршеност и автентичност.

Оставете ги да се соочат со предизвици. Веројатно една од најтешките задачи на секој родител е токму ова, да го оставите вашето девојче да се соочи само со обидите и грешките кои ги прави и да ја гледате фрустрацијата која ја чувствува. Обидете се да ја видите поголемата слика. Помагајќи им постојано и тргајќи ги сите пречки од патот, вие несакајќи им праќате порака дека тие не се во можност сами да го решат предизвикот, и дека немаат доволно снаги и вештини за тоа. Оставајќи им простор и давајќи им време да го решат проблемот, тие ја градат самодовербата и свесноста за своите снаги.

Препознајте кога сте потребни и вклучете се. Можеби звучи збунувачки да препознаете кога е време да се вклучите? Поставете прашање. Ако вашето девојче се сложи да и помогнете, тогаш не тргајте со инстант решенија. Само насочете ја и покажете и ги опциите кои ги има. Крајната одлука сепак нека биде нејзина. На овој начин вашето девојче ќе има чувство на контрола над ситуацијата.

Бидете модел за вашето дете. Она што како родители ги подучувате вашите деца треба и да го практикувате и покажувате во секојдневното функционирање. Затоа внимавајте како вие се однесувате пред вашите деца, кога се соочувате со предизвик. Внимавајте на своите реакции и својот речник. Убаво би било во таквите ситуации да зборувате гласно за планот и чекорите со кои ќе ја надминете ситуацијата. Вклучете ги и нив да дадат предлог за надминување на одредена ситуација. Внимавајте ситуацијата да не биде премногу сериозна секако, и обидете се да користите хумор. Хуморот ја зголемува издржливоста и го намалува стресот.

Потикнувајте ги да се грижат за себе.

Грижата за себе е одговорност за себе пред се, а не себичност. Ова е нешто што девојчињата би требало да го научат уште од најмала возраст. Подучувајте ги колку е важно да се има доволно сон, одмор, физичка активност како и време за контакт со себе. Убаво би било кога би ги научиле на одредени техники за опуштање како што се техники на дишење, мускулна релаксација, слушање на пријатна музика или медитација. На овој начин им давате алатки за во иднина кога ќе се чувствуваат вознемирено да можат тоа да го препознаат и да си помогнат на себе.

Отпорноста е нешто што се гради со тек на времето соочувајќи се со предизвиците, вежбајќи да се надминат што поскоро и поефикасно и превземајќи нови во иднина.

Родителите би требало да ги охрабруваат своите девојчиња со љубопитство, да им пристапат на предизвиците и да пробаат да најдат уживање низ процесот на нивно надминување. На овој начин девојките ќе имаат верба дека можат да се справат со секоја пречка по патот и да излезат посилни решавајќи ја.

*Реализацијата на овој проект е овозможена од ДМ Маркт Македонија

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.