следете нè

МОЕТО ДЕТЕ НЕ МЕ ПОЧИТУВА, НЕ ПОЧИТУВА ПРАВИЛА И НЕ ГИ ЗАВРШУВА СВОИТЕ ОБВРСКИ

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Децата често проверуваат кои се вашите граници, тие пробуваат да се договорат со вас, се обидуваат да ги преминат границите или пак намерно ги кршат правилата. Работејќи во центарот, често родителите знаат да кажат дека нивното дете не ги почитува, постојано плаче и не сака да ги завршува задачите од училиште. 
Задржете ја присебноста
Запомнете дека понатамошниот однос на детето зависи од вашата рекација-дали ќе биде позитивна или пак негативна. Доколку немате поставено цврсти и јасни граници прекршувањето на правилата од страна на вашето дете постојано ќе е тука. Доколку сте пак премногу строги детето ќе се чувствува ограничено, под константен притисок, што подоцна ќе донесе проблеми во комуникацијата и релациите со другите од својата околина. Како и за повеќето работи, клучот за добар и здрав однос е во балансот. Кога детето го прекршува правилото, не ве почитува како родител, почнува да плаче, се тегне по земја, ве удира, a заканите и речениците од типот: Како се осмелуваш па јас сум твоја мајка!, дополнително ќе ја влошат ситуацијата. Потребно е да вдишете длабоко воздух, да броите до десет и да размислите дали она што во тој момент сакате да го изговорите има позитивно влијание во смирувањето на целата ситуација.
Пронајдете ја вистинската причина
Непочитување на родителите и не извршување на обврските во текот на денот не е секогаш одраз на моменталната состојба, a вистинската причина може да биде во нешто што не е поврзано со тоа. Можеби детето има проблеми со врсниците во училиштето, но се плаши да сподели со своите родители мислејќи дека ќе биде осудено дека вината е негова. Доколку причината е училишната средина, ќе забележите дека детето доаѓа нервозно од училиште, покажува отпор секое утро кога треба да се подготвуваат книгите и ранецот. Како родители разговарајте отворено со вашето дете, прашајте: дали нешто се случува во училиште, како го поминува денот кога е со своите другарчиња, која друштвена игра практикуваат да ја играат.
Прифаќајте ги емоциите на вашето дете
Вашето дете до вчера беше послушно, а денес тоa ви одговара: Тргни се од мојата собa, не сакам да разговарам! Можеби само го повторува тоа што го слушнал од своите врсници и не сфаќа дека таквото однесување е непристојно. Децата често слушаат како нивните другарчиња реагираат на нивните родители и сакаат да ги имитираат. Затоа, кажете му дека е во ред да каже дека е лут, уморен или пак можеби тажен. Но, нагласете дека викање и дрскост, не се опција за решавањето на проблемот.
Зборувајте за тоа кои се последиците од непочитување на правилата
Кога ќе му кажете на вашето дете дека таквото однесување и фразите кои ги користи се несоодветни, објаснете кои се последиците од таквото однесување. Поставете јасни правила и рутини, одредете точно време за спиење, навики за хигиена, спремање за училиште, пишување на домашна задача. Направете планер за неговите обврски и тоа многу полесно ќе се движи во текот на денот кога задачите и правилата се запишани. Бидете доследни, држете се до правилата, тоа е единствениот начин да покажете дека сте сериозни.
Бидете внимателни што и како зборувате
Важно е да вие како родители бидете позитивен пример за најмладите. Тие учат имитирајќи го она што го слушнале и виделе, особено дома. Ако родителите имаат остар и висок тон во разговорот, покажуваат непочит еден спрема друг, децата ќе мислат дека тоа е во ред и ќе го превземат таквиот образец на однесување. Обидете се да се однесувате со почит кон членовите на семејството, пријателите, соседите, дури и кога мислите дека детето не ве слуша, верувајте малите уши често слушаат сè.
Кажете БРАВО за љубезноста
Обрнете внимание на моментите кога детето е љубезно, благодарно и пристојно, не пропуштајте да го пофалите со образложение зошто е тоа за браво. Пример, доколку детето ги почитува и исполнува задачите од планерот за пишување домашна задача, пофалете го на следниот начин: Браво, домашната задача е завршена на време, тоа ти овозможува да имаш повеќе време за слободни активности и вечер да заспиеш порано. Со тоа, покажувате одобрување и поткрепа за таквото однесување, а децата се чувствуваат убаво кога ќе видат дека мама и тато забележуваат колку се добри.

 

 

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.