следете нè

ДАЛИ МОЕТО ДЕТЕ ИМА ДИСПРАКСИЈА?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Диспраксијата е развојно пореметување на координацијата на движењата на телото, и слабост или незрелост на движењата на телото. Детето се соочува со потешкотија да планира, организира и координира движења. Тоа резултира со моторни проблеми во фината и групата моторика како и можност за појава на говорни проблеми. Диспраксијата не ги погодува само моторните вештини, туку и ракописот, способноста за организација, сликата за себе, самодовербата и севкупната социјална интеракција.
Со што се соочуваат децата со диспраксија?
  • Потешкотија со планирање на движењето во просторот: децата со диспраксија имаат потешкотија со одржување на рамнотежа, често се заплеткуваат и препнуваат на предмети од околината, имаат лошо држење на телото и лесно се заморуваат.
  • Перцепција: тешко проценуваат висина, време, брзина, тежина и оддалеченост што прави да делуваат неспретно. Имаат слаба визуелна перцепција, недостиг на свест за личниот простор, неадекватна смисла за насока и положба на телото во просторот.
  • Латерализација: децата со диспраксија се збунети кога треба да одлучат која рака да ја употребат. Може да имаат проблем да одредат страна лево и десно без да се потсетат.
  • Потешкотија во говорот: бавно учат да зборуваат и говорот може да им биде неразбирлив.
  • Потешкотија со пишување: пишуваат со голем напор и споро, неуредно и нечитливо. Препишувањето на текст од табла на децата со диспраксија им претставува голема тешкотија.
  • Губат или забораваат свои предмети.
  • Потешкотии во концентрација и внимание: тешко им е да извршуваат неколку задачи истовремено и потребно им е многу време да извршат една задача. 
  • Непознавање на сопствените вредноси, искривена слика за себе, избегнувачко однесување во однос со соочувањето на негативни емоции.
ВАЖНО е да се има во предвид дека не секоја неспретност претставува диспркасија. Децата не ја надминуваат диспраксијата, но со навремено детектирање, холистички третман на работа вклучувајки реедукација на психомоторика, професионалната терапија,  терапија со спорт и физички вежби, говорна  терапија и други алатки и стратегии можат да помогнат за подобрување на состојбата. 

 

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.