следете нè

НАЈГОЛЕМА МОЌ НАШАТА НАШИОТ УМ Е

Неокортекс

Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

Мисијата на Неокортекс е грижа и третман за менталното здравје на деца, адолесценти и возрасни. Специјализираме во индивидуална, партнерска, семејна-системска, и групна терапија. Психотераписките пристапи кои ги нудиме се Гешталт терапија, ЕМДР терапија (процесирање на траума), Семејна – Системска терапија, терапија фокусирана на емоции (EFT) како и игровна терапија за деца, стимулација и развојна проценка. Нашата главна цел е подигнувањето на свесноста и грижата за себе, правење на позитивни животни промени во насока на психо-физичка добросостојба, здравје и задоволство кај индивидуата, но и работа и поддршка на семејствaта во целост како важен систем од кој потекнува секоја единка.

Специјализации

Нашата работа опфаќа психолошко советување и психотерапија во:

• индивидуален
• партнерски
• семеен и групен сетинг
• игровна терапија со деца и проценка на развојни отстапувања
• психодијагностика и психолошко тестирање
• одредување професионални компетенции кај млади
• личен раст, развој и поддршка при животни одлуки и кризи
• тренинзи и психоедукација на клиенти
• корпоративни обуки за фирми, развoј на вработени
MG_9787-osla04pc6026m8ebr6gtrfnuc7ddzgseq719c8x41a

Ние ќе Ви помогнеме
да имате подобар живот

Каде можеме да помогнеме

Нашата работа опфаќа психолошко советување и психотерапија при

• Анксиозни растројства, фобии и панични напади
• Прифаќање на сексуален идентитет и ориентација, coming out процес (LGBTIQ+)
• Развојни отстапувања и дисхармонија кај деца (дискалкулија, дисграфија, диспраксија, дислексија...)
• Социјална анксиозност, срамежливост и ниска самодоверба
• Депресивни растројства и постпартална депресија
• Процес на тагување при загуба
• Зависности
• Опсесивно-компулсивно растројство
• Растројства во спиењето
• Растројства во однесувањето и поведението кај деца и адолесценти
• Прекин на партнерство и развод на брак
• Развој на емоционална интелигенција
• Училишни потешкотии кај школски деца
• ADHD, АDD
• Аутизам
• Прифаќање и справување со медицински состојби и хронични болести (ретки болести)

Како да закажам?

Се закажува телефонски во работното време од 10-20ч, од понеделник до сабота

Нашиот тим
Основач и директор

М-р Ивана
Хаџиванова

Психолог, Гешталт и ЕМДР Психотерапевт, Семеен-Системски советник и Супервизор

Знаењето од психологијата на човекот го употребува и во креирање и одржување на организациски и корпоративни обуки и тренинзи за фирми и големи компании, со цел унапредување на целокупното работење, перформанс и личен раст и развој на вработените, како и превенција и третман на менталното здравје.

Верица Бакулеска Психолог

Психодрама и Гешталт Психотерапевт под супервизија

Верица Бакулеска е лиценциран психолог, и Психодрама и Гешталт психотерапевт под супервизија. Во склоп на Неокортекс центарот, работи психолошко советување, психоедукација и психотерапија применувајќи ги гешталт и психодрама пристапите.

Марија Иваноска

Психолог, Семеен-Системски советник

Лиценциран психолог со едукација од Семејна-системска психотерапија, Трансакциска анализа и Психодијагностика. Во Неокортекс центарот работи психолошко советување и психотерапија со сите возрасни категории. Работи индивидуални , партнерски и семејни сесии употребувајќи најразлични техники од наведените едукации и повеќе психотераписки правци.

Моника Кочовска

Специјален едукатор и рехабилитатор, едукант по Семејна-системска психотерапија

Моника Кочовска е дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и едукант на семејна и системска психотерапија. Во склоп на Неокортекс центарот, работи развојни процени, рана интервенција, индивидулани третмани, работа во групи, развојна стимулација, терапија со игра за деца, поддршка и насоки на родителите.

Најнови објави

Ментално здравје

Дистрес во дигиталната ера – Какво е влијанието на социјалните мрежи врз самодовербата и менталното здравје на жените од сите возрасти

Во ова време на константна конектираност и дигитална интеракција, социјалните медиуми станаа составен дел од нашите животи, поврзувајќи нѐ со пријателите и семејството, обезбедувајќи ни

прочитај повеќе >

Испратете ни порака