следете нè


НАЈГОЛЕМА МОЌ НАШАТА НАШИОТ УМ Е

Неокортекс

Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

Мисијата на Неокортекс е грижа и третман за менталното здравје на деца, адолесценти и возрасни. Специјализираме во индивидуална, партнерска, семејна-системска, и групна терапија. Психотераписките пристапи кои ги нудиме се Гешталт терапија, ЕМДР терапија (процесирање на траума), Семејна – Системска терапија, терапија фокусирана на емоции (EFT) како и игровна терапија за деца, стимулација и развојна проценка. Нашата главна цел е подигнувањето на свесноста и грижата за себе, правење на позитивни животни промени во насока на психо-физичка добросостојба, здравје и задоволство кај индивидуата, но и работа и поддршка на семејствaта во целост како важен систем од кој потекнува секоја единка.

Специјализации

Нашата работа опфаќа психолошко советување и психотерапија во:

• индивидуален
• партнерски
• семеен и групен сетинг
• игровна терапија со деца и проценка на развојни отстапувања
• психодијагностика и психолошко тестирање
• одредување професионални компетенции кај млади
• личен раст, развој и поддршка при животни одлуки и кризи
• тренинзи и психоедукација на клиенти
• корпоративни обуки за фирми, развoј на вработени
MG_9787-osla04pc6026m8ebr6gtrfnuc7ddzgseq719c8x41a

Ние ќе Ви помогнеме
да имате подобар живот

Каде можеме да помогнеме

Нашата работа опфаќа психолошко советување и психотерапија при

• Анксиозни растројства, фобии и панични напади
• Прифаќање на сексуален идентитет и ориентација, coming out процес (LGBTIQ+)
• Развојни отстапувања и дисхармонија кај деца (дискалкулија, дисграфија, диспраксија, дислексија...)
• Социјална анксиозност, срамежливост и ниска самодоверба
• Депресивни растројства и постпартална депресија
• Процес на тагување при загуба
• Зависности
• Опсесивно-компулсивно растројство
• Растројства во спиењето
• Растројства во однесувањето и поведението кај деца и адолесценти
• Прекин на партнерство и развод на брак
• Развој на емоционална интелигенција
• Училишни потешкотии кај школски деца
• ADHD, АDD
• Аутизам
• Прифаќање и справување со медицински состојби и хронични болести (ретки болести)

Како да закажам?

Се закажува телефонски во работното време од 10-20ч, од понеделник до сабота

Нашиот тим
Основач и директор

М-р Ивана
Хаџиванова

Психолог, Гешталт и ЕМДР Психотерапевт, Семеен-Системски советник и Супервизор

Знаењето од психологијата на човекот го употребува и во креирање и одржување на организациски и корпоративни обуки и тренинзи за фирми и големи компании, со цел унапредување на целокупното работење, перформанс и личен раст и развој на вработените, како и превенција и третман на менталното здравје.

М-р Александра Стојановска

Психолог, Семеен-Системски советник

Магистер по клиничка и советодавна психологија, и член на Етичкиот одбор при Комората на психолози на РСМ.
Во своето професионално искуство вбројува многу реализирани проекти. Искуството и знаењето како психолог-фацилитатор, го пренесува и во спроведување на тренинзи и обуки за фирми и компании, со цел подобрување на перформансот кај вработените и целокупното организациско функционирање.

М-р Зорица
Николова

Психолог, Семеен-системски советник

Во Неокортекс центарот, работи психолошко советување и психо-едукација на млади и возрасни личности, психодијагностика, личен раст и развој и воедно активно ја применува семејна-системска психотерапија во работатa со индивидуалци, партнерства и семејства.

М-р Анастазија
Наумовски

Психолог и Гешталт психотерапевт

Психотерапевт Анастазија е лиценциран психолог од страна на Комората за психолози, М-р по клиничка и советодавна психологија и гешталт психотерапевт со осум годишно искуство во работа со клиенти.Поседува европски сертификат за гешталт психотерапија.

Ирина
Николовска

Психолог, Гешталт психотерапевт под супервизија

Во својата пракса има работено и поддршка со кризно советување на жени жртви на семејно насилство, третман на деца и млади со отстапки во развој (со фокус на аутистичен спектар на нарушување), родители, како и работа со деца без родители и родителска грижа.

Хана
Мемеди

Психолог, едукант во Семејна-Системска психотерапија

Хана Мемеди, психолог, семеeн-системски советник. Во склоп на Неокортекс Центарот работи индивидуални, партнерски, родителско и семејно системско советување и психоедукација.

Верица Бакулеска Психолог

Психодрама и Гешталт Психотерапевт под супервизија

Верица Бакулеска е лиценциран психолог, и Психодрама и Гешталт психотерапевт под супервизија. Во склоп на Неокортекс центарот, работи психолошко советување, психоедукација и психотерапија применувајќи ги гешталт и психодрама пристапите.

Моника Кочовска

Специјален едукатор и рехабилитатор, едукант по Семејна-системска психотерапија

Моника Кочовска е дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и едукант на семејна и системска психотерапија. Во склоп на Неокортекс центарот, работи развојни процени, рана интервенција, индивидулани третмани, работа во групи, развојна стимулација, терапија со игра за деца, поддршка и насоки на родителите.

Најнови објави

Совети за деца

Како да му помогнете на вашиот тинејџер во градење на независноста

Адолесценцијата е период кој е исполнет со огромни предизвици, како за родителите, така и за самите адолесценти. Потрагата по независност го достигнува пикот во адолесценцијата

прочитај повеќе >
Ментално здравје

Сезонска депресивност

Зимата може да влијае на Вас повеќе отколку што сте свесни, а со неа е поврзана многу реална психичка состојба која се нарекува Сезонско афективно

прочитај повеќе >
Совети за деца

Раната интервенција и стимулација на децата, им ги максимизира потенцијалите!

Раната интервенција и стимулација на децата, им ги максимизира потенцијалите! Нашите специјални едукатори се тука да Ви помогнат во процесот. Советува Катерина Димова Специјален едукатор,

прочитај повеќе >

Испратете ни порака

neocortex logo

Податоци за уплата

Неокортекс Дооел Скопје

Банка НЛБ

Сметка 210072519550190

Цел на дознака (во зависност од услугата)

Испратете ни порака