следете нè

Како да му помогнете на вашиот тинејџер во градење на независноста

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Адолесценцијата е период кој е исполнет со огромни предизвици, како за родителите, така и за самите адолесценти. Потрагата по независност го достигнува пикот во адолесценцијата кога се забележува огромната потреба на тинејџерите да го формираат својот идентитет кој ќе биде поразличен од оној на нивните родители. Една од развојните задачи во оваа животна фаза е токму градењето на сопствен идентитет и диференцијацијата, но токму ова често знае да биде еден од најголемите предизвици за самите родители.

Тинејџерите од една страна може да изгледаат како возрасни, но од друга страна се забележува потешкотија во контрола на импулсите, потешкотија во организација и планирање на времето, како и потешкотија во одредување на приоритети. Сето ова дополнително ги загрижува родителите и ја зголемува нивната потреба од контрола, која често наидува на огромен отпор манифестиран во разни форми од страна на тинејџерот.

Еден од начините како родителот би можел да му помогне на својот тинејџер да развие вештини за полесно носење одлуки е доколку го охрабри да размислува и да ги истражува можните опции во одредена ситуација. Да му помогне да ги види добрите страни како и ризиците  од одредено дејствие, но и да му дозволи да погреши уверувајќи го дека ќе биде тука доколку е потребно. Вклучувањето на тинејџерот во носење на семејните одлуки ќе даде чувство на уваженост, што исто така може да помогне во градењето на неговата самодоверба и независнот.

Тинејџерите во овој период ќе учат да превземат одговорност, да формираат свои вредности и да смислуваат стратегии за носење на одлуки кои ќе бидат најсоодветни за нив. Во целиот овој процес, многу често тие ја изразуваат својата независност преку стилот на облекување, хобијата и активностите со кои го исполнуваат своето слободно време, стилот на музика која ја слушаат како и кругот на пријатели со кои се дружат. Неретко, тие ќе ги искажат своите мислења кои се комплетно спротивни од оние на нивните родители, тестирајќи дали нивните ставови ќе бидат прифатени или пак тоа ќе создаде конфликт. Ќе се јави и опозиционалност при вообичаени задачи кои претходно без проблем ги извршувале. Со еден збор, ќе се прават постојани обиди за пробив на границите , со цел да се направи таа диференцијација.

Добро би било доколку родителот се обиде да направи баланс во границите и во однос на правилата кои биле поставени. Тоа би значело да препознае кое однесување не би ја загрозило безбедноста на нивното дете и во тој дел да му даде простор за повеќе независност.

На тинејџерите им помага да се чувствуваат безбедно доколку родителот постави цврсти граници во однос на заеднички договорени правила, а истовремено покаже топлина, дава поддршка и негува отворена комуникација со своето дете.

Во однос на јасното поставување на граници ќе помогне доколку и тинејџерот е вклучен во дефинирање на истите и доколку однапред се одредат и последиците за непочитување на правилата. Особено е важно да нема отстапувања во однос на последиците при непосакуваното однесување. Тоа ќе им помогне да ја градат одговорноста за своите постапки и одлуки во иднина.

Често родителот нема да се сложува со изборот на пријатели на својот тинејџер. Тука ќе биде особено важно да се внимава на коментарите, критиките како и обвинувањата во однос на пријателите, бидејќи тинејџерот вообичаено е хиперпротективен кон своите другари и својот избор. Подобро би било доколку им дадете до знаење кои се вашите очекувања од него како и тоа дека одговорноста за неговото однесување ќе биде само негова.

Ниту еден родител не сака да го види своето дете тажно или повредено, но неуспехот е сепак составен и неизбежен дел од животот, особено кога тинејџерите ќе започнат поголема интеракција со светот околу себе без директна поддршка од својот родител. Она што е важно е да го научите како да реагира во ситуации на неуспех. Да дадете поддршка, да го охрабрите да продолжи или да донесе поинаква одлука.

Во овој предизвикувачки период, комуникацијата на родителите со своите деца е од витално значење. Вооружете се со трпение, негувајте отворена комуникација, многу поддршка и разбирање како кон своето дете, така и кон себе, и огромна сочувствителност додека трае овој процес.

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.