следете нè

Депресивност кај децата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Како да препознаете и како да реагирате како родители

Различните емоции и справувањето со нив се составен дел од човековото живеење. Исто како што возрасните се справуваат со своите емоции и децата се соочуваат со истото. Нормално е децата и адолесцентите понекогаш да се чувствуваат тажно, и тоа може да биде природен одговор на она што се случува околу нив. Честопати поминувањето на квалитетно време со нив, давањето поддршка и внимание може да помогне за кратко време повторно да се чувствуваат добро. Доколку тагата, лошите чувства и промените во однесувањето потраат подолго, можно е вашето дете да се соочува со депресивно расположение. Како родител може да биде корисно ако се разбере разликата помеѓу лошо и депресивно расположение. Ова може да помогне да размислите за она што вашето дете го доживува и соодветната подршка која му е потребна во моментот.

Некои од знаците кои укажуваат на депресивно расположение се:

  • Чувство на раздразливост, лутина или фрустрираност
  • Губење на интерес за школските активности и задачи
  • Повлекување или избегнување на пријатели и социјални активности
  • Преголема самокритичност и намалена самодоверба
  • Избегнуваат да прават работи во кои предходно уживале
  • Промени во апетитот (зголемен или намален)
  • Промени во сонот (спие повеќе или пократко од вообичаеното)
  • Плачливост, чувство на осаменост и безнадежност
  • Чувство на замор или намалена енергија
  • Промени во хигиенските навики и грижата за себе
  • Чувство на вина и засраменост
  • Самоповредување
  • Самоубиствени мисли и мисли за смрт

Доколку забележите некој од овие знаци, најважно ќе биде да дадете емоционална поддршка на вашето дете.

  • Поминете квалитетно време со него
  • Охрабрете ги на отворен и искрен разговор
  • Слушајте што има да ви каже вашето дете, запознајте се со нивните стравови и валидизирајте им ги чувствата
  • Дајте им време, доколку не сакаат да зборуваат во моментот обидете се подоцна или следниот ден
  • Доколку не сакаат да зборуваат со вас, охрабрете ги да зборуваат со некој друг од семејството
  • Потсетете ги кој се може да им биде поддршка во моментот
  • Охрабрете ги да размислуваат за активности и работи кој би им пружиле задоволство
  • Потикнете ги да вежбаат, да се хранат здраво и да имаат редовен сон
  • Понудете им идеи за различни социјални активности
  • Организирајте семејни активности, друштвени игри со смеа и забава

Се што ќе забележите дека му помага на вашето дете да се чувствува подобро практикувајте го колку е можно почесто. Најважно ќе биде да сте постојано тука за него, и вклучени во неговите активности. Доколку забележите дека ништо од ова не му помага на вашето дете, секако побарајте стручна помош.

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.