следете нè

Сезонска депресивност

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Зимата може да влијае на Вас повеќе отколку што сте свесни, а со неа е поврзана многу реална психичка состојба која се нарекува Сезонско афективно растројство. Кога времето станува сиво и мрачно, вашето расположение може да почне да се менува според она што се случува надвор. Недостатокот на сончеви, топли денови може да влијае на вашиот мозок повеќе отколку што мислите, а тука се и раното стемнување и промената на часовникот како фактор.

За повеќето состојби на ментално здравје, времето за симптоми може да биде релативно непредвидливо. Но, за некои луѓе, сезонската депресија или сезонското афективно растројство (САР) започнува како часовник. Впрочем и во нашето поднебје веднаш со менувањето на часовникот.  Сезонската депресија е еден вид на депресија, и не влијае на Вас цела година. Најверојатно ќе ја почувствувате во зима поради промените на дневната светлина што може да влијае на  вашите хормони и биолошки циркадијален ритам.

 

Некои луѓе може да доживеат симптоми и во различен дел од годината, како што е летото.  Но, обично се јавува од октомври до февруари и може да вклучи некој од овие симптоми:

  • Пад на расположението и чести осцилации
  • Чувство на болка во поголемиот дел од денот, речиси секој ден
  • Губење на интерес за работи кои порано ги сметавте за пријатни (анхедонија)
  • Чувство на слаба енергија или претерана замореност, како и поспаност и летаргичност
  • Тешкотии со фокусирање или концентрирање
  • Прокрастинација на обврските
  • Чувство на безнадежност или безвредност
  • Промени во биолошкиот ритам – обично во насока на премногу спиење
  • Промени во обрасците на исхрана – обично во насока на зголемена и појака исхрана

Тоа што може да помогне да се изборите со сезонската депресија и да го зачувате  вашето ментално здравје во текот на зимската сезона, е да се создаде нова зимска рутина и да се држите до неа.

Кога се чувствувате оптоварени со сезонска депресија, можеби ќе сакате само да останете во кревет и да не излегувате од дома. Но, преземете обврски, колку и да се мали, и придржувајте се до рутината. Создавањето на тие позитивни навики во вашиот секојдневен живот, може да ги направи потешките денови да изгледаат подопадливи.

Излезете надвор кога можете. Да, ова може да биде тешко кога зимското време не е најдобро, но да најдете неколку моменти за да вдишете свеж воздух и да впиете природна светлина и малку сонце може да биде клучно за враќање на невротрансмитерите на вашиот мозок во баланс. Ако вашиот работен распоред Ве натера да заминете и да се вратите дома од работа во темница, обидете се да вложите свесен напор да поминете дел од паузата за ручек надвор кога можете.

Викендите се супер време за престој во природа, како и хобија и зимски спортови надвор на воздух.

Да не заборавиме дека вежбањето е докажан начин за подобро ментално здравје. Видот на вежбање може да изгледа различно во зависност од тоа како се чувствувате секој ден, но дури и некои едноставни истегнувања може да го зголемат вашето расположение и енергија и да го задржат вашиот имунолошки систем под контрола. Првиот чекор е секогаш најтежок, но сè што ќе Ви „ја придвижи крвта’’ ќе помогне да се ослободите од симптомите на сезонската депресија.

Внесете повеќе светлина. Вашето расположение ќе е променливо во текот на зимските месеци бидејќи не сте толку изложени на светлина. Кога не можете да им се спротивставите на елементите и природата, користете светилка што го симулира истиот тип на сончеви зраци што би ги добиле во лето. Ова е познато како „светлосна терапија“ и за некои луѓе, во суштина може да го поттикне вашиот биолошки часовник. Истражувањата покажуваат дека 60 – 80% од луѓето кои имаат симптоми на сезонска депресија имаат корист од употребата на светилка за терапија со светлина, само по два до четири дена.

Јадете здрава и свежа сезонска храна, а правете хидратација со свежи сокови и чај!

Внесете дополнителна витаминска суплементација и додатоци во исхраната, во консултација со фармацевт и лекар, ако тоа Ви е потребно.

Не се изолирајте во целост, задржете ја социјализацијата! Макар и по дома, макар и во помала група!

Читањето книги и гледањето филмови се супер зимска занимација, која луѓето најчесто ја практицираат!

Разговарајте со вашиот терапевт. Понекогаш,оваа симптоматологија е прифатена како зимска норма, но не мора да биде така. Доколку забележувате дека симптоматологијата се зголемува или дека веќе немате ресурси за справување, консултирајте се со стручно лице! Може да договорите еден проактивен план кој ќе ви помогне да се чувствувате одлично оваа зима, и секоја зима што доаѓа.

 

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.