следете нè

Успешна промена доаѓа полека, со текот на времето

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Една од причините зошто трајните промени траат толку многу време е што постои огромен притисок во човечката психа за одржување на состојбата на статус кво. Умот е како гумена лента, можете лесно да ја истегнете, но таа ќе се врати назад во својата примарна позиција. Ние едноставно кажано се спротивставуваме на промените.

Луѓето тежнеат кон познатото, удобно ни е во она што ни е познато. Постои основен принцип во длабоките слоеви на несвесниот ум дека познатото е еднакво со безбедност и промената е еднаква со опасност. Ние веруваме дека ни треба токму она од што се обидуваме да се откажеме. Честопати, овие верувања се всушност заблуда, но се држиме многу цврсто до нив.

Ова е водечката причина зошто е толку тешко да се прекине навиката, дури и ако знаеме дека не е добра за нас.

Фројд успешно го ​​споредил процесот на промена со успешен процес на жалење за смртта на некој близок. Тој забележал дека кога станува збор за моќна емоција како тага, промената не се случува преку ноќ. Од ден во ден, малку по малку и болно, човекот што тагува работи низ секој спомен на својот близок. Не постои човек кој природно не ја замислува иднината со своите најблиски. Токму кога ќе ги загубиме, без разлика од која причина, ние мораме да ја оставиме и замислата и очекувањата од таа иднина. Тоа е бавен и болен процес. Но, ако постои желба да се опоравиме од загубата и да одиме напред, ќе го поминеме овој процес.

Некогаш не сакаме да го направиме тоа. Понекогаш не мислиме дека можеме да го направиме тоа. Понекогаш се чувствуваме како да нема крај. Но, всушност и тоа е дел од процесот, чекор по чекор. Ако се држиме до тоа – ако продолжиме да се соочуваме со реалноста на нашата загуба и чувствата што одат заедно со неа – ќе можеме да одиме напред.

Кога зборуваме за промена на самите себе, мора да ја оджалиме и загубата на нашиот однос кон старото јас. Како и во секоја љубовна врска, ние имаме многу силна релација со нашето старо јас. Старото јас е центар на  нашиот идентитет – тоа е сè што знаеме до тој даден момент. Дури и ако препознаеме дека има нешто проблематично што треба да се смени во тој стар начин на постоење, нас повторно природно ни доаѓа да се спротивставуваме и да се откажеме од таа промена.

Често се случува да го забрзаме овој процес на промена кој можеби ќе ja донесе посакуваната состојба, посакуваме брз спуст до целта или магично стапче, но начинот тогаш ќе е дисфункционален и на долги стази нема да ни донесе здрава промена. 

На пример, долгорочниот успех во слабеењето вклучува мали чекори во насока на „јадење помалку и вежбање повеќе“, така што телото и умот можат да се прилагодат на нова рамнотежа со текот на времето. 

Квалитетен психотерапевт, тренер или партнер ќе се дружи со вас во овој бавен процес на два чекори напред, еден назад. Разбирањето дека ова е природата на промената, ни дава сила за истата. Секој чекор напред е загуба на старите начини и вклучува тага и болка во него. Не постои друг начин, но вербата дека промената која доаѓа всушност е добра работа, е самата убавина на процесот.

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.