следете нè

Четири големи фактори кои се ризик за распад на врската или бракот

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Психологијата издвојува неколку стилови на комуникација, кои ги нарушуваат односите до таа мера, што метафорично се нарекуваат и „четворицата јавачи на апокалипсата“. Според заклучоците од истражувањата, доколку овие однесувања не се променат, се предвидува неуспех на врската или бракот со повеќе од 90% точност (Gotman, 2014).

Кои се овие стилови на однесувања и дали може да направиме нешто во врска со нив?

  1. Критицизам

Критицизмот е стил на комуникација кога хронично упатуваме неконструктивни пораки кон партнерот, таргетирајќи ја неговата/нејзината личност. Најчесто се проследени со интензивна емотивна реакција. Ова е различно од отвореното изразување на потреба и жалење за некое конкретно однесување.

Критицизмот, често е проследен од  две  тенденции:

  • Минимизирање на последиците од нашето несоодветно однесување и максимизирање на последиците од туѓото несоодветно однесување.
  • Препишување на нашето несоодветно однесување на контекст (доцнам бидејќи превозот доцнеше, излезе непредвидена обврска..), а препишување на туѓото несоодветно однесување на карактер (доцниш бидејќи си неодговорен/а).

 

Како да изразите незадоволство без негативниот ефект на критицизмот?

Избегнувајте остри „Ти – пораки“ кои обвинуваат и провоцираат вина. Започнете да го изразувате незадоволството на начин кој е нежен, со почит и преку „Јас пораки“. Тоа може да звучи вака – Кога постапуваш (таргетирано е однесувањето, не личноста)……. Јас се чувствувам ……. Имам потреба од ……. Во следна ситуација очекувам да……. (опис на однесување).

Имајте предвид дека зад секоја критика стои желба. Слушнете ја и изразете ја желбата зад критиката. Запазете да биде тоа ситуација кога не сте силно иритирани и лути. Зад секое обвинување или повторувачки расправии околу – алиштата, децата, доцнењето, сметките… партнерите всушност се расправаат околу три  нешта:

  1. Моќ и контрола
  2. Блискост и грижа
    и
  3. Почит и признание

 

Критиките (изразени со почит) можат да бидат и конструктивни за односот.

Уште еден интересен истражувачки факт е што за да успее врската, мора да биде присутен сооднос на позитивни и негативни интеракции меѓу партнерите  5-12 : 1. Повеќе од една негативна интеракција наспроти пет позитивни го руши односот, но повеќе од дванаесет позитивни интеракции наспроти една негативна, исто така, создава неисполнувачки однос. Исклучиво позитивни интеракции ја уназадуваат врската/бракот, не ги предизвикува партнерите кон развој и ги води кон монотонија. Во позадината најчесто стои страв за соочување со постоечки разлики и проблеми.

  1. Презир

Кога комуницираме со презир, ние ги третираме другите со непочит, им се потсмеваме, користиме сарказам, потсмев, навредување, ги имитираме, користиме невербален говор како превртување очи и сл. Целта е другата страна да се почувствува безвредно и потценето.

Презирот е најсилниот предиктор за развод и оди подалеку од критиката. Критиката го напаѓа карактерот на партнерот, додека презирот зазема позиција на морална супериорност над другата страна.

Најчесто зад ваквото однесување стои длабока болка, тага и ранливост, кои се неумесно изразени.

 

Како да спречите јавување и продлабочување на презир во врската?

Доколку не сакате презирот да зазема место во вашиот однос, најдобро е свесно да градите култура на благодарност и почит во врската, вклучувајќи ги секојдневните, мали нешта. Ако изразувате благодарност, наклонетост и почит кон партнерот, ќе создавате позитивна перспектива во врската, која ги омекнува негативните чувства. Колку поисполнето се чувствувате, толку е помала веројатноста дека ќе почувствувате или изразите презир. Кога разменувате доволно искрени и позитивни интеракции, кога ќе се пројават негативните, не можат толку лесно да ја дестабилизираат врската.

  1. Одбранбеност

Сите ние сме дефанзивни во извесна смисла, но кога одбранбеноста е постојано присутна во комуникацијата, тогаш негативно ја афектира партнерската динамика. Одбрамбеноста се јавува како последица на критика, кога сме неправедно обвинети, бараме оправдувања или влегуваме во улога на жртва. Оваа стратегија речиси никогаш не е успешна. Кога постојано се оправдуваме, само му испраќаме порака на партнерот дека не ги сфаќаме сериозно неговите грижи и дека нема да преземеме одговорност за нашето однесување.

Што може да сториме доколку дефензивноста ни е доминантен механизам за емотивна регулација?

Доколку најчесто на конфорнтација од партнерот се браниме со напад, се оправдуваме или глумиме жртва, пред да изреагираме, најдобро е да ја преиспитаме личната одговорност за својот удел во врската и комуникацијата. Некои забелешки се соодветни на реалноста и доколку бидат споделени, не значи дека партнерот не нѐ вреднува и суштински не одбива. На пример, ако сте се договориле да извршите одредена работа, и добиете критика бидејќи не сте го направиле, наместо да напаѓате, можете да одговорите – Бев навистина уморен/а за да ја завршам обврската, сепак, знам дека имавме договор и е добро да го сторам тоа, така што, најскоро ќе одвојам време за тоа.

Притоа, внимавајте да не преземете туѓа одоговорност и не извинувајте се за нешто за кое не сте одговорни, само за да избегнете конфликт. Во спротивно, се раѓа огорченост, која исто така го ерозира односот.

 

  1. Нереспонсивност/Замрзнување

Нереспонсивноста настанува кога слушателот се повлекува од интеракцијата, се исклучува и едноставно престанува да реагира на партнерот. Овој механизам е резултат на чувството на  физиолошка преплавеност, каде што не сме во состојба рационално да разговараме за работите. Наместо да се соочиме со нештото, ние се замрзнуваме. Понекогаш не е едноставно да се справиме со ова, бидејќи се јавува како автоматизирана реакција на организмот, кога нешто перципираме како закана.

Што можеме да сториме доколку сме склони кон ваков заштитен механизам на замрзнување?

Доколку почнува одредена ситуација да ве преплавува, повлечете се, но направете го тоа свесно и привремено. Искомуницирајте со партнерот/ката– Се чувствувам премногу луто во моментов, не сакам да те повредам тебе или себе, те молам да се навратиме на ова кога ќе бидам во состојба да разговараме.

Откако ќе се „оладите“ доволно за да можете да продолжите со разговорот, преземете одговорност први да пристапите. Во меѓувреме, еднакво значајно е другиот партнер да го даде просторот да излезете од моменталната ситуација (да не инсистира на соочување и решавање веднаш), за да можете повторно да се вратите на начин кој е посоодветен.

Идентификувањето на „четворицата коњаници“ при несогласици во врската или бракот е неопходен прв чекор за нивно отстранување. Сепак, детекцијата сама по себе не е доволна. За да ги трансформирате деструктивните модели на комуникација и конфликти, потребно е да ги замените со здрави и продуктивни стилови на комуникација. Ова може да се обидете да го направите сами со помош на партнерот, преку интроспекција, едукација и негување на поздрави облици на однесување, или пак да побарате психолошко советување и терапија кога самите не успевате во тоа.

Меѓучовечките односи се највисок корелатор со исполнувачкото живеење (потврдува најдолгата Харвард студија што го испитувала среќното и здраво живеење), така што, не се воздржувајте да преземете чекор во подобрување на истите.

Ние сме тие кои ги создаваме врските, и тие  потоа, нѐ создаваат нас!

 

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.