следете нè

МЕНАЏИРАЊЕ НА ЛУТИНАТА И БЕСОТ

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Лутината претставува нормална, здрава емоција, која не ја дефинираме ниту како добра ниту како лоша. Како и секоја емоција, таа се обидува да ни пренесе некаква порака, укажувајќи дека ситуацијата во која се наоѓаме е вознемирувачка, неправедна или заканувачка. Таа може да биде резултат на нешто што ни се случило, нешто што некој го кажал или направил, или нешто што го паметиме од минатото. Таа може да ни помогне или да повреди, во зависност од тоа како реагираме кога сме лути. Корисно е кога треба да се заштитиме или кога таа не мотивира да ги промениме работите кои не ни се допаѓаат. Но, кога таа преминува во бес тоа може да ве натера да изреагирате на начини кои се несоодветни и со тоа да си наштетите себеси или на некој друг.

Можеби сте убедени дека покажувањето на  гневот е корисно и здраво, дека луѓето кои се околу вас реагираат премногу чувствително, дека вашиот бес е оправдан или дека понекогаш треба да го покажете својот бес за да добиете почит од останатите. Но, вистината е дека хроничното присуство на лутина и бес може да има сериозни последици за:

-Физичкото здравје и да ве направи подложни на срцеви заболувања, дијабетес, ослабен имунолошки систем, несоница и висок крвен притисок.

-Менталното здравје, бидејќи троши огромна количина на ментална енергија и може да резултира со потешкотии во  размислувањето, ја отежнува концентрацијата и го намалува уживањето во животот. Исто така, може да доведе до стрес, депресија, анксиозност и други проблеми со менталното здравје.

 -Лутината може да предизвика потешкотии во односите со луѓето , па дури и оние кои ви се најблиски и најмногу ги сакате.  Да ги разниша пријателствата, и да влијае дури врз вашата кариера. Експлозивното покажување на  гневот им отежнува на другите да ви веруваат, да зборуваат искрено или да се чувствуваат пријатно во ваше присуство.

Многу луѓе имаат мислење  дека менаџирањето или управувањето со лутината е да се научи како таа да се потисне.  Меѓутоа вистинската цел  не е да се потисне чувството на лутина, туку да се разбере пораката што стои зад емоциите , и да се изрази на здрав начин без да се изгуби контрола над своите постапки.

Некои од техниките кои би можеле да помогнат се:

  • Примена на техниката на абдоминално дишење
  • Физичката активност како што е редовно вежбање е начин кој помага да го подобрите расположението и да се ослободите од напнатоста и лутината.
  • Избегнувајте употреба на алкохол и психоактивни супстанци, бидејќи тоа може да направи да бидете помалку толерантни на фрустрации. Конзумацијата на овие супстанци и нивната злоупотреба, може да ги олабави вашите инхибиции за да кажете или да направите нешто што нормално не би го направиле.
  • Побарајте поддршка од другите. Разговарајте за вашите чувства и обидете се да работите на промени во вашето однесување.
  • Ако имате проблем да сфатите кога и од која причина се појавува лутината, водењето дневник може да помогне, да откриете што е она што ве тригерира во одредени ситуации.
  • Обидете се да се ставите на место на личноста која ја потикнала лутината кај вас, на тој начин може да добиете поинаква перспектива.
  • Научете се почесто да го користите хуморот како средство за менаџирање на лутината и бесот, особено хуморот на своја сметка.
  • Научете активно да слушате. Слушањето може да помогне во подобрувањето на комуникацијата и може да изгради чувства на доверба меѓу луѓето. Оваа доверба може да ви помогне да се справите со потенцијално непријатните емоции. Корисна комуникациска вежба е да кажете некому: „Дали добро разбрав, она што ми го велите е…….“. Овој пристап може да помогне да се разјаснат недоразбирањата или погрешните заклучоци, кои можат да доведат до фрустрации.
  • Научете да ги изразувате своите потреби, мисли и чувствата смирено и директно без да станете дефанзивни.
  • Прогресивната мускулна релаксација исто така помага да се опуштат мускулите на телото кои се во грч кога чувствувате лутина или бес.
  • Полека повторете мирен збор или фраза како што се „опушти се“ или „смири се“.Повторувајте го тоа во себе додека дишите длабоко и додека не се смири гневот што го чувствувате.
  • Земете време за себе. Влезете во тивка просторија, затворете ги очите и обидете се да визуелизирате релаксирачка сцена. Фокусирајте се што е можно повеќе на деталите во замислената сцена.

Совладувањето на уметноста за управување или менаџирање на лутината и бесот бара трпение, промени и упорност,но колку повеќе вежбате, толку повешти ќе бидете. Учењето да го контролирате вашиот бес и да го искажете на соодветен начин ќе ви помогне да изградите подобри односи, подобро да управувате со конфликтите во вашиот живот, да ги зајакнувате вашите односи, да ги постигнете своите цели и да водите поздрав, поквалитетен живот.

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.