следете нè

Раната интервенција и стимулација на децата, им ги максимизира потенцијалите!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Раната интервенција и стимулација на децата, им ги максимизира потенцијалите! Нашите специјални едукатори се тука да Ви помогнат во процесот.

Советува Катерина Димова

Специјален едукатор, семеен-системски советник

Како специјален едукатор се повеќе ја забележувам потребата за навремено и посвесно вклучување на децата во средина која што го потикнува здравиот раст и развој. Пандемискиот период кој го минавме, со сите свои фактори и влијаниа врз семејството, донесе еден прекин и промени во нормалниот тек и рутина на живеење, вклучително и кај децата. Изолацијата и стресорите влијаеа на начинот на живеење и го отежнаа функционирањето на родителите и општо семејството. Најважниот период за интензивен развој на детето е од неговото раѓање до шест годишната возраст, а во овој период раната стимулација има есенцијална улога. Често се случува детето да поседува одреден потенцијал, но не доаѓа до израз поради несоодветна стимулација во првите години од животот.

Дете родено со фактор на ризик, или предвремено роденo, дете кое што има потешкотија во груба и фина моторика, потешкотија со читање и пишување, доцнење во говорен развој како и не адекватен социо-емоционален развој се црвени знаменца кои што алармираат за навремена посета и рана интервенција од страна на специјален едукатор.

Секојдневно во нашиот центар применуваме активности за стимулација кои го поттикнуваат сензомоторниот, говорниот, емоционалниот, социјалниот и интелектуалниот развој на детето и на тој начин детето се оспособува за активно, поуспешно и независно функционирање и учество во социјалниот живот.

Специјален едукатор е стручно лице кој ги детектира отстапувањата кај детето во неговиот развој и поведение, прави проценка за стимулативната или депривирачката средина, општествените фактори и воспитниот стил на родителите, кои што имаат големо влијание во однос на развојот на детето и формирање на автентична самостојна личност. Врз основа на ова, се креира индивидуална програма  по која ќе се одвива стимулацијата како и програма и совети за родителите во однос на воспитувањето на детето. Секако дека напоредно се детектираат и најголемите негови снаги!

За да поставиме добра основа за квалитетна рана стимулација, потребно е навремена рана детекција и развојна проценка. Од таа причина од голема важност е родителот во првите шест години од животот активно да се консултира со стручните лица доколку има можност, и пожелно е да се прават проценки и репроценки на секои шест до дванаесет месеци. Првата посета и правење на развојна проценка од страна на специјален едукатор треба да се случи некаде пред втората година, иако и претходно детето треба да е континуирано и редовно вклучено во контролните редовни прегледи од страна на педијатарот и мулти-дисциплинарниот тим за деца.

Бенефитите од проценка и стимулација на развој се секако неопходни пред се за децата кои имаат развојни отстапувања и потешкотии, но всушност секое дете може да бенефитира доколку активно се следат фазите од развојот и се потикнуваат неговите потенцијали.

За да дефинираме здрав раст и развој потребни ни се повеќе сегменти, како сензорно интегрирање и создавање на сензорни искуства, кои помагаат во стекнување на социјални вештини, говор и секојдневно функционирање и однесување. Стимулацијата на фината моторика е тесно поврзана со говорот и когнитивните способности. Стимулација на груба и фина моторика, општо држење на телото, координирано изведување на движењата е основа за перцепција на време и простор. Вежбите за внимание и концентрација, развивање на социјални вештини му помагаат на  детето за побрзо адаптирање во училишната средина. Со помош на играта како тераписки медиум и алатка за учење и воспитување, покрај забава, доаѓаме до почитување на авторитет и емоционална регулација. Стимулацијата на сознајните функции пак го поттикнува логичкото размислување, способноста за решавање на проблеми и донесување одлуки.  Дел од задачите и работата на специјалниот едукатор е токму подобрување на целокупното детско поведение и однесување, со имплементирани техники за унапредување на мислење и помнење, комуникација и интерперсонални вештини.

Најголема предност што ја добива детето од раната стимулација во детството е токму во пластичноста на мозокот. Зборуваме за феноменот на пластицитет кој постои во раните фази на развој, додека диференцијацијата и функционалната организација на мозочните структури сè уште не е завршена и додека постои можност за прилагодување и компензација на функциите кои ги преземаат неоштетените делови на централниот нервен систем.

Специјалниот едукатор како стручен профил поседува компентенции и користи техники за работа со деца кои што се соочуваат со развојни отстапувања, специфични тешкотии во учењето како што се дислексија, дисграфија, дискалкулија, адхд, со цел потикнување на когнитивните способности, но и работа на самодовербата и самостојноста кај децата во своето функционирање. Аутизам и аутистичен спектар на нарушување, интелектуална попреченост и лица со моторни нарушувања се исто така дел од работата на идивидуални и семејни третмани, заедно со остатокот од мулти-дисциплинарниот тим кој се грижи за психо-физичкото здравје на децата.

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.