Огромна чест ми беше да бидам предавач на тродневниот тренинг на кои беа присутни државниот секретар на Министерството за внатрешни работи и национален координатор на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, и колеги од системот за социјална заштита и полицијата кои работат со жртви и потенцијални жртви на трговија со луѓе.
Обуката беше успешно организирана благодарение на проект на IOM North Macedonia ИОМ-ОН (Меѓународна организација за миграција на Обединетите нации), финансиран и поддржан од Кралството Холандија.
Со целодневна сесија која ја спроведов за техники за управување со стресот на присутните професионалци кои работат со ранливи категории на луѓе, колеги од Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и мобилните тимови, вклучително и полицајци и социјални работници, беа доближени до најдобрите практики и техники за понатамошно подобрување на ефективно извршување на нивните секојдневни должности.
Учеството на Prof. dr. Gordana Buljan Flander Проф. Др. Гордана Буљан-Фландер, која е високо искусен меѓународен консултант, обезбеди успешна реализација презентирајќи го своето огромно искуство во техниките на интервјуирање за потенцијални жртви на трговија со луѓе (PVoTs) и жртви на трговија со луѓе (VoTs), како и вештини од областа на форензиката и разговорите со деца и млади, вклучувајќи ги и пристапите за работа со трауми.
Оваа средба е само една во низата големи активности на ИОМ-ОН во националната борба на Северна Македонија против трговијата со луѓе и другите форми на организиран криминал преку Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и мобилни тимови.
Слично:
Нема слични објави