следете нè

Како да израснеме деца кои нема да осудуваат

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Ќе го отворам параграфот со една мудра мисла од Мајка Тереза,  – Ако ги осудуваш луѓето, немаш време да ги сакаш.
Сите ние во даден момент сме биле таму, ги осудуваме луѓето според нашите стандарди, морали, идеали и принципи – според тоа како се облекуваат и изгледат,  каде живеат и работат, па се до начинот на кој го водат својот приватен живот и како го поминуваат своето слободно време.
На прашањето, зошто луѓето им судат на другите, ќе добиеме одговор дека судењето е природен инстинкт, им судиме на другите луѓе околу нас бидејќи тие изгледаат, звучат или се однесуваат поинаку од нас.
Тоа е примарен инстинкт да ја браниме нашата територија, при што реагираме со борба или со бегство, и ова можеби имало смисла за пештерските луѓе кои требало да ги заштитат своите области на живеење, но денес тоа оди на многу подлабоко ниво.
Главните причини за судењето на другите се недостаток на разбирање, различни перцепциони гледишта од сопствено искуство или воспитување и недостаток на емпатија и сочувство. Перцепциони гледишта и недостатокот на емпатија се во голема мера научени и изградени врз однесувањето што произлегува од нашето детство и воспитување.
Како родители и старатели имаме одговорност да ги учиме нашите деца за разликите, да ги едуцираме за другите луѓе кои според нешто се поразлични од нас, за да имаат вистинско разбирање и да ја изградат на цврсти темели својата емпатија, сочувство, прифаќање и отвореност на умот.
Постојат различни начини како ние можеме да ги научиме нашите деца да не осудуваат. На пример, изложете ги на интеракција со луѓе и деца кои имаат поразличен животен пат од нивниот. Дозволете им на вашите деца да се запознаат со повеќе различни култури, употребувајте неосудувачки јазик, објаснете им ја разликата помеѓу вашето мислење и факти, разговарајте со децата за повеќе различности, за различни религии, култури, појави, болести, животни избори и начини на функционирање.
Ако овие работи не им се непознати, тие ќе ги препознаат различностите и ќе ги перцепираат како дел од секојдневното нормално функционирање, а со тоа и нема да ги осудуваат сите кои се поразлични од нив.
За да им помогнеме во целост да го отфрлат осудувањето и да израснат во толерантни, самоуверени, резилиентни и емоционално интелигентни деца, бара од нас да ги редефинираме работите кои ни се важни на нас, во сегашниот момент и во иднина.
На крај, нели децата најдобро учат од примери и тие ќе имаат многу примери на својот пат, но токму вие сте примарниот и најдобар пример за нив.
Бидете современи херои во очите на своите деца!

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.