следете нè

ДИСЛЕКСИЈА-ПРЕДИЗВИК ЗА ДЕЦАТА И РОДИТЕЛИТЕ!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Дислексијата е специфична потешкотија во учењето која има невробиолошко потекло коешто се карактеризира со тешкотии во правилно и флуентно препознавање на зборовите, проблеми во спелувањето и проблеми со способности за декодирање. Потешкотијата кај децата со дислексија потекнува од неможноста да се воспостави конекција меѓу гласовите и пишаните симболи-буквите. Дислексијата е состојба при која мозокот различно ги процесира говорниот и пишаниот јазик.
Улогата на родителот е од есенцијална важност во поддршката на детето со дислексија. Постојат голем број на активности кои родителите би можеле да ги изведуваат со цел да му помогнат на своето дете:
  1. Слушајте аудио книги и оставете го вашето дете да чита со нив.
  2. Бидете сигурни дека детето поминува некое време читајќи само, тивко и гласно.
  3. Прочитајте ги омилените книги неколку пати, на тој начин ја зголемувате самодовербата на вашето дете кога е во прашање учењето.
  4. Наизменично читајте на глас, тоа можеби да биде некој текст со интересна содржина, на тој начин детето создава позитивна слика за себе.
  5. Зборувајте за приказните што ги читате заедно и поставувајте прашања од типот: „Што мислиш дека ќе се случи следно?“
  6. Обидете се домашните задачи да се спроведуваат во средина која е соодветна на стилот на учење на детето. Ако детето преферира музика, тогаш дозволете да учи со музика.
  7. Направете визуелен распоред за извршувањето на обврските во текот на денот.
  8. Охрабрете го вашето дете да се занимава со активности во кои ужива. Дозволете му на детето да избере активност што не вклучува пишување и читање, без разлика дали станува збор за музика, цртање или некој спорт.
  9. Помогнете му на детето да развива сопствени стратегии за учење.
  10. Доколку забележите дека детето е премногу под стрес поради учење, се соочува со ниска самодоверба, задолжително побарајте помош од стручни лица и во никој случај не го игнорирајте тој проблем.
Честите грешки во читањето, пишувањето, и генерално во училишните активности, кои најчесто се прилагодени на останатите деца во одделението, прават децата со дислексија да не се чувствуваат рамноправно со другите деца во одделението. Тоа доведува до фрустрација и чувство на инфериорност кога се споредуваат со другите деца. Ако тоа трае подолг временски период, тие започнуваат да се перцепираат самите во негативно светло. Затоа е важно на децата да им се помогне да сфатат дека дислексијата не е негативна карактеристика, и треба да им се објасни дека тоа не е болест, туку едноставно дека нивниот мозок работи на поразличен креативен начин. Разговарајте со вашето дете на темата дека ниеден човек не може да биде способен за секоја задача или вештина и дека сите луѓе имаат одредени способности и слабости. Давајте им примери на други дислексични лица кои станале славни и успешни во одредени сфери и покрај нивната дислексија. Секогаш потенцирајте ги нивните способности, и имајте разбирање и поддршка во работата со нивните предизвици!

* Објавените содржини се во психо-едукативни цели, а за професионална проценка и третман, остварете контакт со стручно лице од областа на менталното здравје.
Задолжително означување на авторот и изворот, при превземање и цитирање на објавените содржини.

Напишете коментар

Политика на колачиња (cookies)

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Неокортекс сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.