следете нè

М-р Миа Костовска

Психолог, едукант во Семејна-Системска психотерапија, ЕФТ (Емотивна Фокус Терапија)

Миа Костовска е Магистер по организациски науки и лиценциран психолог од страна на Комората на Психолози во РСМ каде што е и член на Телото за сексуални и родови малцинства. Едукант е во семејна-системска психотерапија, има завршено прв степен на EFT (Терапија фокусирана на емоции) под менторство на Киријаки Полихрони и ЕМДР тренинг, техника за работа со трауми, под водство на Изабел Фернандез претседател на ЕМДР Италија.
Поседува клиничко искуство стекнато во ГОБ ,,8 Септември’’, ЈЗУ Психијатриска болница ,,Скопје’’, ЈЗУ Дневен Центар за ментално здравје ,,Пролет’’ и неколку приватни психијатриски ординации во Скопје. Има искуство и во невладини организации како што е ХОПС – Опции за здрав живот а моментално е ангажирана во невладината организација EduSpace4School во работа со деца од училишна возраст каде што дополнително координира меѓуетнички проекти за деца.

Во склоп на Неокортекс, работи индивидуални и семејни советувањa и психодијагностика на млади и возрасни. Во фокусот на работа и се анксиозните состојби и растројства, панични напади и справување со животни промени.
Има посетено обука за даватели на услуги за жртви на семејно насилство од страна на Националната мрежа против насилство врз жени. Учествувала во повеќе обуки и меѓународни конференции од областа на психологијата и психотерапијата.