следете нè

М-р Анастазија Наумовски

Психолог и Гешталт психотерапевт

Психотерапевт Анастазија е лиценциран психолог од страна на Комората за психолози, М-р по клиничка и советодавна психологија и гешталт психотерапевт со осум годишно искуство во работа со клиенти. Поседува европски сертификат за гешталт психотерапија, а работи и клиничка психодијагностика и основна невропсихолошка проценка за која посебно има посетувано акредитирани тренинг програми.

Во склоп на Неокортекс центарот, работи психоедукација и психотерапија со адолесценти и возрасни личности, психодијагностика, личен раст и развој со употреба на гешталт психотерапија во работа со индивидуалци, парови и семејства. Низ своето осум годишно искуство со гешталт психотерапијата, стекнува големо професионално знаење и вештини  во работата со адолесценти и возрасни со анксиозност, панични напади, трауматски стресови, депресија, загуби, развод, партнерски и семејни потешкотии, емоционални кризи, внатрешни конфликти и животни дилеми и сите останати психолошки потешкотии и проблематики. Психотерапевт Анастазија има сензибилизираност и големо искуство во работата со ЛГБТИ+ лица.

Примарно е вработена на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести каде што работи “рана интервенција на деца со аутизам”, а моментално е на специјализација по „Медицинска психологија која ја обавува на Клиниката за Психијатрија во Скопје.