следете нè

Што треба да знам пред посетата на центарот?

Како да закажам?

Се закажува телефонски во работното време од 10-18ч, од понеделник до петок, а викендите не се работни.

Дали терапијата е доверлива?

Доверливоста и етичноста се на прво место. Идентитетот, личните податоци и се што клиентот споделува со психологот/психотерапевтот на сесиите, останува строго доверлива професионална тајна.

Што треба да се понесе со себе на првата средба со психологот?

Понесете ја со себе комплетната медицинска документација и наоди од сите претходни реализирани прегледи или престои во болница.

Дали психотерапијата е ефикасна?

Ефикасноста на психотерапијата е докажана со научни истражувања од страна на невронауката и е метода базирана на докази.

Колку сесии се потребни?

Бројот на сесии кои се потребни за постигнување на целта за која клиентот бара стручна помош е индивидуален. Тој зависи од растројството или типот на потешкотија со која клиентот се соочува, времетраењето, интензитетот, личните потенцијали, црти на личност и карактер, дисциплинираноста во целиот процес, како и од стручноста и професионалноста на психологот и секако нивниот заеднички контакт.

Дали постои можност за соработка со мојот матичен лекар и психијатар?

Апсолутно да. Наведениот вид соработка во целост го поддржуваме.

Со кои возрасни групи работиме?

Центарот е ориентиран кон задоволување на потребите на клиентите и се нуди целокупна палета на услуги од областа на менталното здравје и тоа наменети за сите возрасни категории, деца, адолесценти и возрасни.

Како да презакажам термин?

Доколку закажете термин, за откажување или преместување, задолжително е потребно известување 24часа однапред.

Фармакотерапија?

Психолозите и психотерапевтите не препишуваат фармакотерапија.

Доколку по психолошката проценка или психодијагностика, психологот утврди индикации и потреба за медикаменти за клиентот, паралелно со психотерапискиот третман и советување, ќе бидете упатени до специјалистите психијатри, со кои континуирано соработуваме и комуницираме.

Начин на плаќање?

За понудените психолошки услуги не постои можност центарот да склучи договор со Фондот за здравствени услуги.

Онлајн услугите се наплаќаат пред одржување на сесијата, и за истото се испраќа потврда за плаќањето во банка или преку електронско банкарство, кај стручното лице со кое имате закажано.

neocortex logo

Податоци за уплата

Неокортекс Дооел Скопје

Банка НЛБ

Сметка 210072519550190

Цел на дознака (во зависност од услугата)