М-р Ивана Хаџиванова Психолог
Основач и директор
Психолог, Гешталт и ЕМДР Психотерапевт, Семеен-Системски советник и Супервизор
М-р Ивана Хаџиванова Психолог, Гешталт Психотерапевт и Супервизор е искусен професионалец од областа на менталното здравје, со повеќе од десет годишно работно искуство. Основач и директор е на НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика тренинг и едукација во Скопје, каде предводи тим од стручни лица. Во секојдневната практика применува Гешталт психотераписки пристап, низ индивидуални, партнерски и семејни психотераписки сесии и психолошко советување, а во едукација е и за втор психотераписки пристап Семејна-Системска психотерапија, која активно ја применува со клиентите. Има завршено ЕМДР тренинг, техника за работа со трауми, под водство на Изабел Фернандез претседател на ЕМДР Италија, како и едукација за Клиничка невропсихологија со невропсихолошка дијагностика. Поседува искуство и сертификати и за работа со родители на деца со посебни потреби, како и за „Прва психолошка помош’’- (Johns Hopkins University). Во склоп на центарот, работи со сите возрасни категории деца, адолесценти и возрасни, вклучително и терапија со игра за деца, за која е сертифицирана (Београд). Со голем успех работи и во полето на групната терапија.
Во своето работно искуство има голем број соработки со невладини организации, институции и реализирани обуки и проекти. Како долгогодишен соработник на ЕГАЛ стекнува значајно искуство и сензибилизираност во работата со ЛГБТИ+ и МСМ популација. Како надворешен консултант на ИОМ-Меѓународна организација за миграции, фацилитира обуки за млади за превенција на насилен екстремизам, подобрување на критичкото мислење и емоционална интелигенција, обучена од експерти од Универзитетот Кембриџ во Англија и ИОМ-Босна и Херцеговина. Долгогодишен соработник е на Домот за деца без родители „11 Октомври’’, како и „Центар за обука на пилоти’’ – касарна Петровец, каде врши скрининг и селекција на кандидати за воени пилоти за хеликоптерските единици на Армијата и Полицијата во РСМ. На почетокот на својата кариера, работи и стекнува повеќегодишно професионално искуство и на Универзитетската Клиника за психијатрија.
2019та година ја започнува и соработката со Здружението на граѓани со ретки болести “Живот со предизвици’’ и од тогаш активно работи на превенција и третман на менталното здравје на оваа сензибилна категорија на клиенти/пациенти. Стекнатото искуство го пренесува и со одржување на стручни обуки за професионалци од областа на менталното здравје низ целата држава, како психотерапевт-едукатор.
Психотерапевт Хаџиванова поседува посебна лиценца за вршење психолошка дејност во областа на Психологија на здравје-Психотерапија, издадена од Комората за психолози, каде е активен член. Сертифициран член е и на ЕАГТ-Европска асоцијација за Гешталт психотерапија.
Хаџиванова е регистиран Супервизор во европски акредитираниот Гешталт тренинг институт -„Советувалиште за хумана соработка’’, и врши супервизија на работата на гешталт психотерапевти во едукација и завршени психотерапевти.
Он-лајн терапијата е ефикасна, а истото го потрдуваат, науката со студии кои може да се прочитаат на интернет, но и секојдневната практика со одличните резултати кај клиентите.