следете нè


Нашите услуги

Психотерапија

Индивидуална психотерапија

Индивидуалната тераписка сесија е заеднички процес и контакт помеѓу психолог/ психотерапевт и индивидуа во терапија со времетраење од 1 час.

Семејна-системска терапија

Семејната терапија може да помогне на членовите на целото семејството да ја подобрат комуникацијата, да надминат конфликти, животни кризи и дисфункционалности на различни нивоа.

Групна психотерапија

Работа во група овозможува нови практични и теориски совети, поддршка и фидбек меѓу членовите, свесности за себе, тераписки интервенции, совладување на социјална анксиозност и креативни нови перцепции и перспективи за промени во животното функционирање.

Партнерска психотерапија

Погодна за личности во емоционална партнерска релација, да добијат свесности во однос на нивната поврзаност и динамика, да разрешат конфликти, подобрат комуникација и го зголемат задоволството од врската или бракот.

Закажете термин на

(+389)76 496 496

Психотерапија за деца

Терапија со игра за деца

Третман кој помага кај децата да се проценат и стимулираат развојните аспекти, и да ги изразат своите емоции, конфликти и трауматски искуства преку играта како медиум и одлична терапевтска алатка.

Развојна проценка

Развојна проценка опфаќа следење и опсервација на детето во повеќе сегменти: дефектолошка проценка на психомоторен развој, проценка на развојни задачи од емоционален, социјален и комуникациски субдомен на детето.

Развојна стимулација

Програмата за рана стимулација има за цел да го поттикне сензомоторниот, емоционалниот, социјалниот и интелектуалниот развој на детето и на тој начин да му обезбеди активно, поуспешно и независно учество во социјалниот живот.

Психодијагностика на адолесценти

Психолошка проценка и тестирање со задавање на батерија на психолошки мерни инструменти, комбинација од тестови за деца, техники од игровна терапија, тест на интелигенција, проективни техники, скали и обсервација на однесување и проценка на развој.

Психотерапија и советување на адолесценти

Адолесценцијата е предизвикувачки период за личноста која се соочува со динамични промени на многу нивоа. Поддршката во овој период е значајна и за адолесцентот, и за родителите во справување со промената на животна фаза и сите предизвици.

Психодијагностика

Психодијагностика во диференцијал дијагностички цели

Психолошко тестирање со објективни психолошки мерни инструменти во диференцијал-дијагностички цели со изработка на психолошки наод и мислење.

Тестирање на интелигенција кај деца и возрасни

Тестирање на интелигенција и проценка на менталните снаги, когнитивни капацитети и ефикасност со стандардизирани, објективни психолошки мерни инструменти.

Психолошка анализа и тестирање на личност во тераписки цели

Детекција на личносни блокади, анализа на црти на личноста, карактер и темперамент, утврдување на емоционална интелигенција и функционални одбрамбени механизми, со изработка на батерија на психолошки тестови на личност.

Психолошко тестирање за професионална ориентација и компетенции

Психолошко тестирање со кои се утврдуваат личносни квалитети и снаги, потенцијали, професионални тенденции и преференци со цел избор на професија/работна позиција.

Невропсихолошка дијагностика и проценка

Кога постои сомневање за намалено или за оштетено мозочно функционирање од каква било природа, психологот со индивидуалното тестирање на пациентот прави процена на когнитивниот статус и на бихевиоралните отстапувања, со адекватни невропсихолошки тестови. Најчесто проценувани функции се: внимание и концентрација; помнење; учење; визуелни и перцептивни способности; говорно-јазични способности; праксија и гнозија; егзекутивни способности; промени во однесувањето; промени во расположението (од депресивна природа, анксиозност и тн). Добиените резултати се издаваат во писмена форма на Наод и мислење.

Советување

Психолошко советување

Психолошкото советување со вклучена психо-едукација, со фокус на психолошките потешкотии на клиентот, промена и подобрување на личното и интерперсоналното функционирање низ разни животни фази.

Психолошко советување на родители

Сесија со фокус на родителската улога и релација, изедначување на воспитни стилови, детекција на потешкотии во субсистемот и тераписки, советодавни и психо-едукациски интервенции во насока на успешен родителски сојуз и релацијата со детето.

Он-лајн психотерапија и советување

Сите типови на психотераписки сесии, се достапни и се вршат и он-лајн со клиентите кои не се во можност од најразлични причини директно да го посетат центарот.

Организациски и корпоративни обуки

Креирање и одржување тренинзи за фирми и големи компании со цел унапредување на работниот перформанс, подобрување на компаниската култура и превенција на менталното здравје.

Тренинг за совладување на трема

Учество на тренингот има цел совладување и надминување на стравот од јавно говорење, како и унапредување на вербалната и невербалната комуникација и развивање на својот личен стил на комуницирање.

Психолошки работилници и психоедукација

Работилници и предавања со цел превенција и подобрување на менталното здравје на децата, младите и возрасните, и подобрување на квалитетот на живеењето и функционирањето.

Стручни едукации за професионалци

Креирање и одржување на стручни едукации и обуки за професионалци од областа на менталното здравје