follow us

Дистрес во дигиталната ера – Какво е влијанието на социјалните мрежи врз самодовербата и менталното здравје на жените од сите возрасти

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Во ова време на константна конектираност и дигитална интеракција, социјалните медиуми станаа составен дел од нашите животи, поврзувајќи нѐ со пријателите и семејството, обезбедувајќи ни вести и информации и нудејќи платформи за самоизразување.

Сепак, влијанието на социјалните мрежи врз ментално здравје, особено на жените, претставува се поголем проблем.

Со овој пост сакам на кратко да ја опишам сложената врска помеѓу социјалните медиуми, самодовербата и менталното здравје.

 

  • Социјални медиуми се склони да претстават идеализирана верзија на реалноста. Корисниците на истите имаат тенденција да ги споделуваат нивните најпозитивни искуства и достигнувања, филтрирајќи ги своите несовршености. Оваа постојана изложеност на нереални стандарди за убавина, успех и среќа може да доведе до чувство на несоодветност и ниска самодоверба, особено кај жените.

 

  • Лесно може да се добие впечаток дека лајковите, коментарите и следбениците се показатели за вредност, но тие всушност можат да бидат меч со две острици. Од една страна, позитивните афирмации можат моментално да ја зголемат самодовербата, но од друга страна, отсуството на таква потврда може да доведе до чувство на несоодветност и недоволност. Потрагата по надворешна афирмација преку социјалните медиуми може да создаде циклус на зависност, каде што самопочитта зависи од непредвидливиот он-лајн свет и тоа може да резултира со губење на автентичноста, објавувајќи содржини исклучиво со цел да се добијат лајкови и позитивни коментари.

 

  • Визуелноста на социјалните медиуми го засилува притисокот врз жените да се усогласат со општествените стандарди за убавина. Филтрите, алатките за уредување фотографии и внимателно објавените слики создаваат искривена реалност што може да доведе до негативна слика за телото. Овој проблем често се јавува кај жените, независно во која животна фаза се наоѓаат – може да се забележи кај тинејџерки кои се борат со бурните години на адолесценција, но и кај зрели жени кои се соочуваат со општествените очекувања од стареењето.

 

  • Со дигиталната ера се роди и нов начин на агресија. Сајбер булингот може да има тешки последици врз менталното здравје на жените. Анонимноста обезбедена од социјалните мрежи ги охрабрува насилниците да се вклучат во деструктивно однесување, подложувајќи ги жените на осуди, критики, па дури и закани, создавајќи постојан страв и анксиозност.

Што жените можат да направат за да си го заштитат менталното здравје?

  • автентичноста, објавувајќи содржини исклучиво со цел да се добијат лајкови и позитивни коментари.

 

  • Визуелноста на социјалните медиуми го засилува притисокот врз жените да се усогласат со општествените стандарди за убавина. Филтрите, алатките за уредување фотографии и внимателно објавените слики создаваат искривена реалност што може да доведе до негативна слика за телото. Овој проблем често се јавува кај жените, независно во која животна фаза се наоѓаат – може да се забележи кај тинејџерки кои се борат со бурните години на адолесценција, но и кај зрели жени кои се соочуваат со општествените очекувања од стареењето.

 

  • Со дигиталната ера се роди и нов начин на агресија. Сајбер булингот може да има тешки последици врз менталното здравје на жените. Анонимноста обезбедена од социјалните мрежи ги охрабрува насилниците да се вклучат во деструктивно однесување, подложувајќи ги жените на осуди, критики, па дури и закани, создавајќи постојан страв и анксиозност.

Што жените можат да направат за да си го заштитат менталното здравје?

 

  • Ограничете го времето кое го поминувате на социјалните мрежи.
  • Престанете да ги следите профилите што прават да се чувствувате лошо за себе, следете ги оние кои ве инспирираат и мотивираат.
  • Запомнете дека социјалните мрежи не се реалност. Не го споредувајте вашиот живот со он-лајн животите на другите.
  • Фокусирајте се на сопственото патување, односно, фокусирајте се на сопствените цели, вредности и достигнувања, наместо да се обидувате да бидете во чекор со другите.
  • Побарајте стручна помош доколку е потребно. Ако чувствувате дека ви е тешко со овие проблеми да се справите сами, не двоумете се да побарате стручна помош. Психологот и психотерапевтот може да ви обезбеди поддршка и насоки.

За крај, влијанието на социјалните медиуми врз самодовербата и менталното здравје на жените во дигиталната ера е длабоко и сложено. Целта е  да се стремиме кон создавање на дигитален свет кој инспирира и ги поддржува различните искуства и животни патувања на жените низ сите генерации!

Верица Бакулеска

Психолог, Гешталт и Психодрама Психотерапевт под Супервизија

* The published content is for psycho-educational purposes, and for a professional assessment and treatment, contact a professional in the field of mental health.
Mandatory marking of the author and the source, when downloading and quoting the published contents.