Како родители на идно прваче се обидувате да добиете одговори на многу прашања: Како ќе се вклопи моето дете во новата средина? Дали ќе му се допадне училиштето? Како ќе ги прифати училишните обврски? Дали ќе биде прифатено од другарчињата?
Севкупниот страв за новата животна фаза е нормален и оправдан, одењето на училиште е еден од најважните периоди за Вас и Вашето дете. Работејќи со идните првачиња кои што покажуваат страв и отпор од одењето во училиште како карактеристики кои што ги забележуваме се: слабо развиени социјални вештини, преголема заштита, склоност кон перфекционизам, страв од неисполнување на барањата на преамбициозните родители, ниска самодоверба, неприфаќање на негативните емоции, непознавање на сопствените вредности. Оваа појава е сосема нормална, но со зацврстување и проширување на вашиот систем на поддршка вклучувајќи ги професионалните лица, преку терапија со игра детето се воведува во околностите и бенефитите од одењето во училиште.
Како најголем предизвик кој е откриен на тестовите и уписите на идните првачиња е низок степен на концентрација, не почитувањето на авторитет, потешкотии во говорно-јазичен субдомен, краток фокус и внимание, низок степен на толеранција на фрустрација.
Сфаќајќи ја важноста за подготовка на идните првачиња во нашиот центар заедно со тимот Ви нудиме предучилишна програма за вашето дете, но и за вас како родители со цел полесно совладување на предизвиците во новата животна фаза, семејство со школско дете.
Програмата вклучува:
* Проценка на функционалните способности на детето и резилиентните снаги на семејството
* Стимулативни игри и активности со нашиот специјален едукатор како што се:
* Развој на слушни и говорни способности преку басни, сказни, приказни, слушање и раскажување, креативна обработка на ликови
* Стимулативни вежби за когнитивните процеси
* Препознавање на бројки и букви, пишување и стимулација на графомоторни вештини
* Развивање логичко мислење
* Вежби за внимание и концентрација
* Стимулација на психомоторни вештини
* Создавање на позитивна слика за себе и поттикнување на самодоверба на детето
* Почитување на правила и авторитет
* Техники за препознавање и искажување на емоции
* Родителско советување, потребни информации, совети и поддршка со цел успешно справување на предизвиците кои следуваат.
Подгответе го детето за почетокот на училишната настава со чести разговори на оваа тема. Раскажувајте му на своето дете за вашите забавни авантури од училиште, кажете му дека ќе запознае многу нови пријатели и дека ќе му биде забавно, а исто така корисно е да прошетате до училиштето за детето да види како ќе изгледа просторот во кој ќе минува добар дел од своето време.