follow us

ЗОШТО МОЕТО ДЕТЕ ВОДИ ИНАЕТ?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Зошто тврдоглавоста се појавува кај моето дете на возраст од околу пет години? Вашето петгодишно дете веројатно ја поминало фазата со изливи на гнев, но покажува тврдоглавост кога ќе дојде момент за исполнување на некое ваше барање како родител. Одбива да дојде на вечера, игнорира да ги собере играчките, ве задева со тркалање на топката низ кујната, и покрај тоа  што е воведено правилото дека во кујната нема играње со топка. Неколку совети како да постапите во моментите кога детето води инает. 

Што можете да направите во врска со инаетот?
Имајте разбирање. Кога ќе го поканите вашето дете на ручек и тоа со лутина ви одговори дека не го сака тоа, обидете се да се ставите на негово место. Прегрнете го детето и кажете му дека сте свесни колку е тешко да се прекине играта, но ручекот е подготвен и време е за јадење. Идејата е да му покажите на детето дека сте од негова страна, без покажување на лутина и бес, нежни, но цврсти во ставот дека мора да дојде кога сте го повикале за ручек.
Поставете граници
На децата на оваа возраст им требаат јасни и цврсти граници. Затоа поставете ги и проверете дали вашето дете знае до каде се границите. Јасно ставете граница дека се јаде во трпезарија, не пред компјутер или во детска соба.
Ако детето има проблеми со следење на правилата, работете на решението.
Зборувајте за ситуацијата и обидете се да го дознаете изворот на инает. Можеби вашето дете секое утре избегнува да се облекува за во градинка затоа што чувствува некаков товар, нема добра конекција со наставничката или пак можеби е загрижено за грубиот однос од другарчето до него. Детето ќе почувствува дека работите заедно со него за да го решите проблемот, во тој случај големи се шансите да го промени неговиот став и инает. 
Обезбедете добро однесување
Секојдневното одбивање за одење во градинка предизвикува кај вас да го повишите тонот, да го искарате вашето дете, но воздржете се од тоа. Кога детето не се однесува добро, тоа веќе се чувствува лошо. Идејата дека прво детето мора да се чувствува полошо за да се однесува подобро, не е добра. Сето тоа, ќе доведе до уште понегативно однесување. Наместо тоа, обидете се да го овековечите моментот кога детето се однесува добро и охрабрете го да продолжи така. Запомнете дека дисциплинирањето на вашето дете не значи вие да го контролирате, туку да го научите на самоконтрола. Казната може да доведе до тоа детето да се однесува добро, но само затоа што се плаши. Подобро е да се обидете да го мотивирате детето да се однесува добро затоа што неговиот ден ќе биде позабавен и ќе се чувствува подобро.
Користете позитивен тајм-аут
Кога детето е подготвено да води инает бидејќи работите не одат како што тоа има зацртано, помогнете му да се смири. Наместо да го испраќате во собата како казна, охрабрете го да седи на удобен кауч или во омилен дел од собата. Ако одбива да го користи тоа место за смирување, понудете му на детето да одите заедно и да разговарате.
Почитувајте ги возраста и способностите на вашето дете
Кога имате барања до вашето дете да си го постави креветот или да ги собере играчките, не заборавајте преку метод на демонстрација да му покажете како се прави тоа. Понекогаш однесувањето на детето можеби ви изгледа пркосно и водење на инает, но можеби станува збор за тоа дека детето не може да го направи она што сте го замолиле да го направи, затоа што не знае како.

 

* The published content is for psycho-educational purposes, and for a professional assessment and treatment, contact a professional in the field of mental health.
Mandatory marking of the author and the source, when downloading and quoting the published contents.