follow us

КАКО ДО ПОДОБРА КОМУНИКАЦИЈА СО ВАШЕТО ДЕТЕ?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Кога комуницирате со дете, пред се како родители треба да имате во предвид дека тоа е рамноправен член во дијалогот и задачата на возрасниот е да се грижи дали детето ја разбира пораката испратена до него. Интеракцијата меѓу родителот и детето е комбинација од вербална и невербална комуникација. Притоа, 8% од пораките детето ги прима преку вербалната комуникација со родителот, додека 92% припаѓаат на невербалната комуникација.
Начинот на којшто вие комуницирате со вашите деца, зборовите, речениците, тонот што ги користите –влијае на нивното однесување и на развојот на нивната личност. Уште поважно, тоа влијае и на нивните уверувања за тоа каков е светот и какви се тие самите.
Искуството во работата со деца и нивните родители покажа дека често се случува родителите да испраќаат двојни пораки до своите деца за кои не се свесни. Двосмисленоста обично лежи во фактот дека една порака е испратена вербално, а интонацијата, изразот на лицето, држењето на телото и другите невербални сигнали се сосема спротивна порака. Не е невообичаено да се види мајка која со благ тон, со весело лице додека милува дете, да вели: „Колку си несмасен, не знаеш да заврзиш врвки”. Не е невообичаено да се види татко кој со висок тон, намуртено лице го удира својот син и му вели: ,,Тато те сака и се грижи за тебе”. Во тој момент на детето не му е целосно јасно каков е ставот на неговите родители, добива грешна насока за како се покажува чувството на љубов и грижа.
Неколку совети за квалитетна комуникација со вашите деца:
  • Контакт со очи- контактот со очи е од круцијално значење за  емоционално воспитување на вашето дете. Претставува средство за изразување на родителската љубов кон детето, особено ако контактот е придружен со пријатни зборови и пријатен израз на лицето. Спуштете се на висина на детето, фатете го за рака, свртете се кон него, само внимателно и без нагли движења.
  • Допирот и физичкиот контакт – се многу значаен дел во комуникацијата со детето. Потребно е физичкиот контакт да биде спонтан, пријатен и природен, а содржината се менува во согласност со возраста на детето. 
  • Држење на телото- со навалување нанапред и приближување кон детето , се праќа порака на блискост, почит, разбирање. Расчекорените нозе и раширените раце можe да покажат доминантност и одлучност.  Исправеното и цврсто држење на телото упатува на будност и внимание на детето, додека олабавениот став укажува на незаинтересираност и слабо внимание.
Начинот на кој родителот комуницира со детето станува модел според кој учи да комуницира со другите луѓе, да решава проблеми, да биде свесно за себе и за другите, да се почитува себеси, но и другите.

* The published content is for psycho-educational purposes, and for a professional assessment and treatment, contact a professional in the field of mental health.
Mandatory marking of the author and the source, when downloading and quoting the published contents.