follow us

ДЕТЕКТИРАЈТЕ ГИ СТРЕСОРИТЕ И НАПРАВЕТЕ ПРОМЕНИ

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Чувството на СТРЕС е најчесто поттикнато од ситуации и настани што се случуваат во вашиот живот кои вклучуваат:
  • да се биде под голем притисок
  • соочување со големи промени
  • постојана загриженост за нешто
  • немање контрола врз исходот на ситуацијата
  • премногу одговорности во секојдневието
  • неизвесност и слично…
Стресот може да биде предизвикан и од натрупаност и кумулација на секојдневни мали притисоци, а многу често самите на себе сме си стресор со нашите мисли.
Какви ситуации најчесто предизвикаат стрес?
Стресот може да биде предизвикан од различни вообичаени животни настани,  кои некогаш е многу тешко да се избегнат. Тука би ги вброиле: болест или повреда, бременост и станување родител, хронични здравствени проблеми, стапување во брак, минување низ раскинување на врска или развод, тешки односи со родители, браќа и сестри, пријатели или деца, губење на работата, долгорочна невработеност, заминување во пензија, ново вработување, преселба, финансиски грижи и сл.
Во моментов се соочуваме со огромен стресор, пандемиската криза, која очекувано прави да сите ние интензивно ги почувствуваме симптомите на стрес во моменталното живеење.
Како среќните настани предизвикаат стрес?
Некои среќни настани како на пример, стапувањето во брак или раѓање на бебе, можат да донесат големи промени или да наметнат нови барања за адаптација. Ова може да биде особено тешко, бидејќи може да почувствувате двоен притисок, на адаптација од една страна, и исполнување на очекувањата од друга страна да бидете позитивни.
Што е она што ве прави да се чувствувате дека сте под СТРЕС ?
  • Вашата перцепција на ситуацијата. Ова може да биде поврзано со вашите минати искуства, вашето самопочитување и функционирањето на процесите на размислување (тенденцијата да ги толкувате работите позитивно или негативно).
  • Колку имате искуство во справувањето со тој одреден вид притисок
  • Вашата емоционална резилиентност кон стресни ситуации
  • Поддршката која ја имате од другите.
Како може да се справиме со секојдневниот стрес?
Доколку најпрвин детектирате што вам ви предизвикува стрес, тоа може да ви помогне да ги предвидите проблемите и да размислите за стратегиите за нивно решавање. Дури и ако не можете да ги избегнете овие ситуации, подготвеноста  и наоѓањето алтернативи и промени, може да ви помогне. Одвојте малку време за да размислите за настаните и чувствата што придонесуваат за зголемување на вашиот стрес. Детекцијата е првиот чекор, а планот за справување вториот.
Прилагодете го начинот на организирање на вашето време, тоа може да ви помогне да чувствувате поголема контрола над сите задачи со кои се соочувате и да бидете во можност да се справите со притисокот. Фокусирајте се на тоа што е во ваша моќ, во секоја ситуација. Идентификувајте го за вас најдоброто време од денот и во тоа време извршете ги важните задачи за кои ви треба најмногу енергија и концентрација. Направете список на работи што треба да ги направите. Наредете ги по важност и приоритет и обидете се прво да се фокусирате на најитните. Поставете помали и остварливи цели. Кога сте под голем притисок, лесно е да си поставите големи цели кои често се неостварливи. Ова може да направи да се чувствувате под стрес и ако не ги достигнете, може да направи да се чувствувате разочарани и фрустрирани. Обидете се да не правите премногу работи одеднаш. Ако превземете премногу, можеби ќе ви биде потешко да направите добро некоја индивидуална задача.
Некогаш е потребно да се побара помош или совет. На пример, можете да направите контакт со пријател или член на семејството да ви помогне во некои од вашите дневни задачи, така што ќе имате повеќе време за оние задачи што предизвикуваат чувство на стрес. Доколку стресот ве прави дисфункционални и значајно го нарушува вашето живеење, побарајте стручна помош.
Иако не е лесно, понекогаш е добро да прифатите се што ви се случува. Прифаќањето на некои работи во врска со кои не може да направите ништо, ќе ви помогне да го насочите вашето време и енергија попродуктивно.

* The published content is for psycho-educational purposes, and for a professional assessment and treatment, contact a professional in the field of mental health.
Mandatory marking of the author and the source, when downloading and quoting the published contents.