следете нè

Хана Мемеди

Психолог, Семеен-Системски советник

Хана Мемеди, психолог, семеeн-системски советник. Во склоп на Неокортекс Центарот работи индивидуални, партнерски, родителско и семејно системско советување и психоедукација.

Има особено искуство во работата со деца од предучилишна и училишна возраст, и адолесценти, стекнато низ работата во меѓународното училиште Маариф.

Особено работи со родители и деца од училишна возраст и адолесценти, кои се соочуваат со потешкотии од различен карактер во зависност од нивната возраст. Нејзината работа во училиштето опфаќа индивидуална и групна работа со учениците, на: адаптација, запознавање емоции, потешкотии со учењето, мотивација, емпатија, самопочитување, освестување, зависност, и сл. Има реализирано семинари за родители со цел запознавање со развојните фази на нивните деца и адекватно справување со нив.

Хана е ангажирана како демонстратор во катедрата на психологија на филозофскиот факултет при Тетовскиот универзитет, каде и продолжува со постдипломски студии во индустриска-организациска психологија, чии знаења ги употребува на нејзиното работно место. Во својата работа во универзитетот учествува и во реализација на различни истражувања и проекти спроведени во рамките на универзитетот.

Хана ја има комплетирана првата фаза на едукација за Функционална aнализа, базирана на функционирањето на животната сила, чии техники ги користи во својата професионална работа.

Континуирано следи професионални обуки со цел развивање на нејзините вештини и знаења во работата како психолог.

Во зависност од барањата Хана работи со физичко присуство и он-лајн психолошко советување на албански и турски јазик.