следете нè


Катерина Димова

Специјален едукатор и рехабилитатор, Семеен-Системски советник
Едукатор за развојна проценка

Специјалниот едукатор и рехабилитатор Димова има повеќе годишно работно искуство со деца со атипичен развој и посебни потреби. Во склоп на Центарот – НЕОКОРТЕКС, работи индивидуални и семејни третмани за деца и адолесценти, кои пред сè вклучуваат примена на принципот учење и третман преку игра, со стимулирање на сите аспекти на раниот детски развој. Низ секојдневната работа врши и развојни проценки на психомоторен развој, рани интервенци, стимулација и реедукација на психомоторен развој, што претставува основа за развој на други вештини, како и когнитивните способности, говорот и социо-емоционалниот развој на децата. Со особен успех работи и на воспитните цели на родителите, и подобрување на целокупното детско поведение и однесување, со имплементирани техники за подобрување на вниманието и концентрацијата, вежби за унапредување на мислење и помнење, вежби за фина и груба моторика, говор, комуникација и интерперсонални вештини.  Постигнува голем успех и во остварување на родителските цели, како подобрување на самодовербата и самостојноста кај децата во своето функционирање.

Активно работи со деца кои што се соочуваат со специфични тешкотии во учењето како што се: дислексија, дисграфија, дискалкулија, диспраксија, како и деца со АДХД и интелектуална попреченост. Активно е вклучена во проектите за здрав раст и развој на деца, грижа за ментално здравје на родители, како и во групни активности за деца со атипичен развој, и работа на истражувања за семејства и лица со атипичен развој. Своето искуство го збогатува и преку учество во мноштво проекти и здруженија за лица со посебни потреби, но и како дел од тимот на Филозофски факултет, како демонстратор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Во моментов е во процес на едукација за Семејна-системска психотерапија, која активно ја применува во работатa со семејствата, користејќи методи и техники за подобрување на комуникација и релација родител-дете. Во моментов  е и на втор циклус на магистерски студии, смер „Специфични тешкотии во учењето’’.

neocortex logo

Податоци за уплата

Неокортекс Дооел Скопје

Банка НЛБ

Сметка 210072519550190

Цел на дознака (во зависност од услугата)

Испратете ни порака