следете нè


Неокортекс

Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

Мисија– грижа и третман за менталното здравје на деца, адолесценти и возрасни. Во нашите главни цели се подигнувањето на свесноста и грижата за себе, правење позитивни животни промени во насока на психо-физичка добросостојба, здравје и задоволство кај индивидуата, но и работа и поддршка на семејствaта во целост како важен систем од кој потекнува секоја единка.
Основач и директор

М-р Ивана Хаџиванова

Психолог, Гешталт и ЕМДР Психотерапевт, Семеен-Системски советник и Супервизор

М-р Александра Стојановска

Психолог, Семеен-Системски советник

Моника Кочовска ​

Специјален едукатор и рехабилитатор, едукант по Семејна-системска психотерапија

Ирина Николовска

Психолог, Гешталт психотерапевт под супервизија

Хана Мемеди

Психолог, Семеен-Системски советник

Верица Бакулеска

Психодрама и Гешталт Психотерапевт под супервизија

М-р Ивана Хаџиванова Психолог

Психолог, Гешталт Психотерапевт, Семеен-Системски советник и Супервизор
М-р Ивана Хаџиванова Психолог, Гешталт Психотерапевт и Супервизор е искусен професионалец од областа на менталното здравје, со повеќе од десет годишно работно искуство. Основач и директор е на НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика тренинг и едукација во Скопје, каде предводи тим од стручни лица. Во секојдневната практика применува Гешталт психотераписки пристап, низ индивидуални, партнерски и семејни психотераписки сесии и психолошко советување, а во едукација е и за втор психотераписки пристап Семејна-Системска психотерапија, која активно ја применува со клиентите. Има завршено ЕМДР тренинг, техника за работа со трауми, под водство на Изабел Фернандез претседател на ЕМДР Италија, како и едукација за Клиничка невропсихологија со невропсихолошка дијагностика. Поседува искуство и сертификати и за работа со родители на деца со посебни потреби, како и за „Прва психолошка помош’’- (Johns Hopkins University). Во склоп на центарот, работи со сите возрасни категории деца, адолесценти и возрасни, вклучително и терапија со игра за деца, за која е сертифицирана (Београд). Со голем успех работи и во полето на групната терапија.
Во своето работно искуство има голем број соработки со невладини организации, институции и реализирани обуки и проекти. Како долгогодишен соработник на ЕГАЛ стекнува значајно искуство и сензибилизираност во работата со ЛГБТИ+ и МСМ популација. Како надворешен консултант на ИОМ-Меѓународна организација за миграции, фацилитира обуки за млади за превенција на насилен екстремизам, подобрување на критичкото мислење и емоционална интелигенција, обучена од експерти од Универзитетот Кембриџ во Англија и ИОМ-Босна и Херцеговина. Долгогодишен соработник е на Домот за деца без родители „11 Октомври’’, како  и „Центар за обука на пилоти’’ – касарна Петровец, каде врши скрининг и селекција на кандидати за воени пилоти за хеликоптерските единици на Армијата и Полицијата во РСМ. На почетокот на својата кариера, работи и стекнува повеќегодишно професионално искуство и на Универзитетската Клиника за психијатрија.
2019та година ја започнува и соработката со Здружението на граѓани со ретки болести “Живот со предизвици’’ и од тогаш активно работи на превенција и третман на менталното здравје на оваа сензибилна категорија на клиенти/пациенти. Стекнатото искуство го пренесува и со одржување на стручни обуки за професионалци од областа на менталното здравје низ целата држава, како психотерапевт-едукатор.
Психотерапевт Хаџиванова поседува посебна лиценца за вршење психолошка дејност во областа на Психологија на здравје-Психотерапија, издадена од Комората за психолози, каде е активен член. Сертифициран член е и на ЕАГТ-Европска асоцијација за Гешталт психотерапија. Хаџиванова е регистиран Супервизор во европски акредитираниот Гешталт тренинг институт -„Советувалиште за хумана соработка’’, и врши супервизија на работата на гешталт психотерапевти во едукација и завршени психотерапевти.

Он-лајн терапијата е ефикасна, а истото го потрдуваат, науката со студии кои може да се прочитаат на интернет, но и секојдневната практика со одличните резултати кај клиентите.

Психотерапевт Хаџиванова

Психолог Александра Стојановска

Психолог, Семеен-Системски советник
Психолог Стојановска, во секојдневната практика во НЕОКОРТЕКС центарот, успешно врши психолошко советување и психо-едукација на деца, млади и возрасни, како и психодијагностика за која има соодветната едукација и тренинг. Стојановска има и специфично и повеќегодишно искуство во работа со деца со атипичен развој и посебни потреби, клиенти со ретки болести, како и индивидуи кои се жртви на семејно насилство.
Има завршено ЕМДР тренинг, техника за работа со трауми, под водство на Изабел Фернандез претседател на ЕМДР Италија. Во моментов е во процес на едукација за Семејна-системска психотерапија, која активно ја применува во работатa со индивидуалци, партнерства и семејства.
Во своето професионално искуство вбројува многу реализирани проекти со голем број на здруженија и организации. Во моментов е надворешен соработник на Национална линија за позитивно родителство при Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, а вклучена е и во проект на ИОМ-Интернационална организација за миграција, каде фацилитира работилници со адолесценти и млади возрасни, со цел превенција на насилство, подобрување на комуникацијата и емоционалната интелигенција, решавање на конфликти и зголемување на интегративната комплексност на мислењето.
Психолог Стојановска има значајно искуство и сензибилизираност и во работата со ЛГБТИ+ лица, од позицијата советник на Првата национална линија за советување на ЛГБТИ+.

Поседува општа лиценца за вршење психолошка дејност издадена од Комората на психолози.

Катерина Димова

Специјален едукатор и рехабилитатор, Семеен-Системски советник

Специјалниот едукатор и рехабилитатор Димова има повеќе годишно работно искуство со деца со атипичен развој и посебни потреби. Во склоп на Центарот – НЕОКОРТЕКС, работи индивидуални и семејни третмани за деца и адолесценти, кои пред сè вклучуваат примена на принципот учење и третман преку игра, со стимулирање на сите аспекти на раниот детски развој. Низ секојдневната работа врши и развојни проценки на психомоторен развој, рани интервенци, стимулација и реедукација на психомоторен развој, што претставува основа за развој на други вештини, како и когнитивните способности, говорот и социо-емоционалниот развој на децата. Со особен успех работи и на воспитните цели на родителите, и подобрување на целокупното детско поведение и однесување, со имплементирани техники за подобрување на вниманието и концентрацијата, вежби за унапредување на мислење и помнење, вежби за фина и груба моторика, говор, комуникација и интерперсонални вештини.  Постигнува голем успех и во остварување на родителските цели, како подобрување на самодовербата и самостојноста кај децата во своето функционирање.

Активно работи со деца кои што се соочуваат со специфични тешкотии во учењето како што се: дислексија, дисграфија, дискалкулија, диспраксија, како и деца со АДХД и интелектуална попреченост. Активно е вклучена во проектите за здрав раст и развој на деца, грижа за ментално здравје на родители, како и во групни активности за деца со атипичен развој, и работа на истражувања за семејства и лица со атипичен развој. Своето искуство го збогатува и преку учество во мноштво проекти и здруженија за лица со посебни потреби, но и како дел од тимот на Филозофски факултет, како демонстратор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Во моментов е во процес на едукација за Семејна-системска психотерапија, која активно ја применува во работатa со семејствата, користејќи методи и техники за подобрување на комуникација и релација родител-дете. Во моментов  е и на втор циклус на магистерски студии, смер „Специфични тешкотии во учењето’’.

М-р Зорица Николова Психолог

Психолог, Семеен-системски советник

Зорица Николова е лиценциран психолог со посебна лиценца од област на психологија на труд, магистер по правно-криминолошки и родови науки, психодијагностичар и семеен-системски советник.
Во склоп на Неокортекс центарот, работи психолошко советување и психо-едукација на млади и возрасни личности, психодијагностика, личен раст и развој и воедно активно ја применува семејна-системска психотерапија во работатa со индивидуалци, партнерства и семејства.

Во досегашнното десетгодишно професионално искуство има ангажман во повеќе невладини и владини институции, како и реализирани меѓународни проекти. Во склоп на работниот ангажман во НВО ХОПС-Опции за здрав живот и КПУ Идризово, работела психодијагностика и психолошко советување на осудени лица, и лица кои се уживатели на наркотични средства.

Во склоп на Бреинобреин, интернационалната академија за развој на вештини и способности кај деца и во Институтот Алтернатива, има работено психоедукација, семејна динамика и релации и позитивно родителство. Моментално е професионално ангажирана и во Хелсиншки комитет за човекови права на позицијата раководител на шелтер центар и психолог кој работи психо-социјална поддршка и советување на луѓе кои се идентификуваат како ЛГБТ+ и се жртви на дискриминација и насилство.

М-р Анастазија Наумовски

Психолог и Гешталт психотерапевт (EAGT)

Психотерапевт Анастазија е лиценциран психолог од страна на Комората за психолози, М-р по клиничка и советодавна психологија и гешталт психотерапевт со осум годишно искуство во работа со клиенти. Поседува европски сертификат за гешталт психотерапија (EAGT) , а работи и клиничка психодијагностика и основна невропсихолошка проценка за која посебно има посетувано акредитирани тренинг програми.

Во склоп на Неокортекс центарот, работи психоедукација и психотерапија со адолесценти и возрасни личности, психодијагностика, личен раст и развој со употреба на гешталт психотерапија во работа со индивидуалци, парови и семејства. Низ своето осум годишно искуство со гешталт психотерапијата, стекнува големо професионално знаење и вештини  во работата со адолесценти и возрасни со анксиозност, панични напади, трауматски стресови, депресија, загуби, развод, партнерски и семејни потешкотии, емоционални кризи, внатрешни конфликти и животни дилеми и сите останати психолошки потешкотии и проблематики. Психотерапевт Анастазија има сензибилизираност и големо искуство во работата со ЛГБТИ+ лица.

Примарно е вработена на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести каде што работи “рана интервенција на деца со аутизам”, а моментално е на специјализација по „Медицинска психологија која ја обавува на Клиниката за Психијатрија во Скопје.

Психолог Ирина Николова

Психолог, Гешталт психотерапевт под супервизија

Лиценциран психолог, интегративен советник и гешталт психотерапевт под супервизија европски лиценциран (EAGT), и ABA техничар (Applied Behavioral Analysis Technician). Николова има повеќе годишно искуство во психолошко советување и психоедукација со различни возрасни групи и психолошки проблематики. Во својата пракса има работено и поддршка со кризно советување на жени жртви на семејно насилство, третман на деца и млади со отстапки во развој (со фокус на аутистичен спектар на нарушување), родители, како и работа со деца без родители и родителска грижа.

 

Преку методот и техниките на гешталт и интегративната психотерапија, работи холистички, во насока на остварување личен развој и надминување на психички блокади и тешкотии кај индивидуи, партнери, семејства и организации. Во својот работен ангажман има искуство и во полето на човекови ресурски и грижа за вработени, вршење проценки при селекција на кадар, психоедукација и кариерно советување. Aвтор е и на бројни психолошки статии и предавач е на бројни работилници од областа на психологијата и личниот развој. Учесник е во бројни проекти како советник и психолог, во работа со различни групи на лица, проблематики и возрасти.

Психолог Миа Костовска

Психолог, едукант во семејна-системска психотерапија

Миа Костовска е лиценциран психолог од страна на Комората на Психолози во РСМ каде што е и член на Телото за сексуални и родови малцинства. Едукант е во семејна-системска психотерапија, има завршено прв степен на EFT (Терапија фокусирана на емоции) под менторство на Киријаки Полихрони и ЕМДР тренинг, техника за работа со трауми, под водство на Изабел Фернандез претседател на ЕМДР Италија.
Поседува клиничко искуство стекнато во ГОБ ,,8 Септември’’, ЈЗУ Психијатриска болница ,,Скопје’’, ЈЗУ Дневен Центар за ментално здравје ,,Пролет’’ и неколку приватни психијатриски ординации во Скопје. Има искуство и во невладини организации како што е ХОПС – Опции за здрав живот а моментално е ангажирана во невладината организација EduSpace4School во работа со деца од училишна возраст каде што дополнително координира меѓуетнички проекти за деца.

Во склоп на Неокортекс, работи индивидуални и семејни советувањa и психодијагностика на млади и возрасни. Во фокусот на работа и се анксиозните состојби и растројства, панични напади и справување со животни промени.
Има посетено обука за даватели на услуги за жртви на семејно насилство од страна на Националната мрежа против насилство врз жени. Учествувала во повеќе обуки и меѓународни конференции од областа на психологијата и психотерапијата.

Хана Мемеди

Психолог, Семеен-Системски советник

Хана Мемеди, психолог, семеeн-системски советник. Во склоп на Неокортекс Центарот работи индивидуални, партнерски, родителско и семејно системско советување и психоедукација.

Има особено искуство во работата со деца од предучилишен и училишен возраст, и адолесценти, стекнато низ работата во меѓународното училиште Маариф.

Особено работи со родители и деца од училишна возраст и адолесценти, кои се соочуваат со потешкотии од различен карактер во зависност од нивната возраст. Нејзината работа во училиштето опфаќа индивидуална и групна работа со учениците, на: адаптација, запознавање емоции, потешкотии со учењето, мотивација, емпатија, самопочитување, освестување, зависност, и сл. Има реализирано семинари за родители со цел запознавање со развојните фази на нивните деца и адекватно справување со нив.

Хана е ангажирана како демонстратор во катедрата на психологија на филозофскиот факултет при Тетовскиот универзитет, каде и продолжува со посдипломски студии во индустриска-организациска психологија, чии знаења ги употребува во нејзиното работно место. Во својата работа во университетот учествува и во реализација на различни истражувања и проекти спроведени во рамките на универзитетот.

 Хана ја има комплетирана првата фаза на едукација за Функционална aнализа, базирана на функционирањето на животната сила, чии техники ги користи во својата професионална работа.

Континуирано следи професионални обуки со цел развивање на нејзините вештини и знаења во работата како психолог.

Во зависност од барањата Хана работи со физичко присуство и он-лајн психолошко советување на албански и турски јазик.

Бесплатна психолошка помош за лица со ретки болести и нивните семејства е овозможена од соработката меѓу НЕОКОРТЕКС и ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ.

Психотерапевт Хаџиванова